Потпетиците не мора секогаш да бидат болно искуство: Научете да ги носите

Пред да ги облечете новите чевли кои сте ги купиле еден ден пред важен настан или токму за новогодишната ноќ, неопходно е прво да ги разгазите. Шетајте во нив низ дома барем два часа.

potpeticite-ne-mora-sekogas-da-bidat-bolno-iskustvo-naucete-da-gi-nosite-01

Најдобро е да ги пробате со хулахопки или тенки чорапи. Пред заминувањето на настанот, облечете ги барем 20 минути порано.

Висина на потпетиците

Висината на потпетиците зголемувајте ја постепено. Носете прво 5 см, па седум, десет и повеќе. Ако ги немате сите модели на располагање вежбајте со помош на столче. Опуштете ги прстите, подигнете се и држете ги петиците во воздух на различна висина. Повторете го тоа неколку пати и зајакнете ги стапалата.

Стабилност

Свртете ги стапалата со надворешната страна, тоа ќе ви даде стабилност на колковите, а и зглобовите ќе ви бидат поцврсти и постабилни.

Опуштете се

Зајакнете ги стомачните мускули, долниот дел на колковите. Ако сте поцврсти во средниот дел на телото, ќе ви исчезне вкочанетоста во екстремитетите. Додека одите со потпетиците, опуштете ги колената.

potpeticite-ne-mora-sekogas-da-bidat-bolno-iskustvo-naucete-da-gi-nosite-2

Одете нежно

Многу жени мислат дека гламурозното одење во потпетици е некакво глумење. Ако сакате да чекорите женствено, опуштете се. Идејата е да не изгледате напнато, туку лежерно со многу самодоверба.

Важни се и рацете

Рацете мора да ви бидат опуштени и да се нишаат до телото. Ослободете ги рацете кај лактите, така што долниот дел ќе ви биде слободен.

Нега на стапала

Редовно масирајте ги стапалата, макар само неколку минути дневно. Вашите нозе мора да бидат во совршено издание за да изгледате заводливо на високи потпетици.

На крај, важно е и да ви бидат удобни, а не само да изгледаат добро, бидејќи болката секогаш ќе ви буди непријатни чувства кои нема да може да ги скриете цела вечер.

potpeticite-ne-mora-sekogas-da-bidat-bolno-iskustvo-naucete-da-gi-nosite-1

Би можело да ве интересира:

Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Трикови за комбинирање накит, кои ќе ви користат (со нив славните дами ги кријат недостатоците) Накитот, без разлика дали обетки, прстени или ѓердани, е одличен начин да ја над...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg