5 модни Инстаграм профили за дневна доза инспирација

Сигурно често пати ви се случува наутро да станете половина час порано, само затоа што не знаете што ќе облечете тој ден.

5-modni-instagram-profili-za-dnevna-doza-inspiracija-01

Меѓутоа, во ерата каде доминираат модните блогери, ви откриваме 5 Инстаграм профили на познати и талентирани модни блогерки кои се одлична дневна доза инспирација.

Затоа, добро разгледајте што можете да облечете утре:

1. Chiara Ferragni е прочуена италијанска модна блогерка која прва го започна трендот на блогови од ваков тип. Денес, таа соработува со големи имиња од светот на модата.

На нејзиниот профил освен дневна доза модна, можете да пронајдете и огромна доза животна инспирација.


2. Olivia Palermo
е единствената „it“ девојка во светот на модата. Својата популарност ја стекна во серијата The City, а работеше за магазинот Elle и брендот Diane Von Furstenberg.

Не пропушта ниту едно модно случување, соработува со врвни дизајнери и краси бројни насловни страници на модни магазини. Затоа, никогаш нема да погрешите ако ја пронајдете дневната инспирација токму во неа.


3. Blair Edie
е девојка која негува женствен и по малку ексцентричен моден стил. Го спојува неспоивото, креира и носи исклучиво храбри додатоци.

Ако сте во потрага по изглед кој никогаш нема да остане незабележано, нејзиниот Инстаграм профил е првиот кој треба да го посетите.


4. Tamara Kalinic
e млада девојка од Нови Сад која заради студиите се преселила во Велика Британија. Како голем вљубеник во модата, во 2010 година го отвора својот прв и единствен моден блог, кој ги надминал нејзините очекувања.


5. Miroslava Duma
е уште една млада и талентирана девојка од Русија. Важи за една од ретките модни икони и најдобро облечената жена во светот.

И кога целата инспирација ќе пресуши, посетете го нејзиното модно царство.

Би можело да ве интересира:

Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Уличната мода во Белград, преку папарацо фотки на српски Инстаграм профил Од кул чанти до лежерни аутфити, модата на белградските улици низ објективот на&...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg