Топ 5 женски фризури за оваа пролет

Оваа пролет сè е во знакот на прекршувањето на правилата и негуваниот, природен изглед на здравата коса.

top-5-zenski-frizuri-za-ovaa-prolet-01

Токму затоа, во топлите месеци кои следуваат поиграјте си со вашите прамени така што ќе одберете една од овие топ 5 фризури кои моментално владеат меѓу жените.

1. Pixie

Асиметрична кратка фризура која веќе неколку години ги освојува модните трендетерки. Затоа, ако сте храбра девојка која сака да се ослободи од тешките, долги прамени, ова е идеалната промена.

top-5-zenski-frizuri-za-ovaa-prolet-02


2. Долги шишки

Долги, по малку бушави шишки, одлично им прилегаат на жените со мали овални лица. Шишките ги прават цртите на вашето лице повпечатливи, па ако сакате да поминете незабележано - ова е вашата следна промена.

top-5-zenski-frizuri-za-ovaa-prolet-03


3. Боб

Класичниот боб никогаш не излезе од мода, а ваше е да се одлучите дали тој ќе биде краток или долг. Ако им верувате на модните икони од црвениот тепих, тогаш испробајте го бушавиот боб во виткано издание.

top-5-zenski-frizuri-za-ovaa-prolet-04


4. Полудолга коса

Ако сакате коса која лесно ќе ја соберете во опавче, а сакате да биде и едноставна за одржувате, погледнете ја Џесика Алба. За да ја разбиете монотонијата на косата со средна должина, експериментирајте со бојата.

top-5-zenski-frizuri-za-ovaa-prolet-05


5. Виткани краеви

Девојките кои се вљубени во својата долга коса може без проблем да го испробаат овој тренд. Ишишајте ја косата на 2 слоја, а подолгиот извиткајте го во големи локни. Ќе добиете пролетна свежина и здрав волумен, баш како Џеј Ло.

top-5-zenski-frizuri-za-ovaa-prolet-06

Би можело да ве интересира:

Топ 5 трендови од модните писти за 2023-та XXL парчињата облека повторно ќе биде ИН, но кои се новите трендови за 2023?Модн...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg