Бидете модерни и шик: 5 предности на кратката коса

Додека долгата коса е универзална и романтична со можност за различни фризури, кратката коса има поинакви предности. Таа може да ви даде шик изглед, постојано да имате фризура без да треба да мислите што да направите и како да ја врзете.

bidete-moderni-i-shik-5-prednosti-na-kratkata-kosa-01

Модерна е и ви дава впечатлив изглед. Ако сè уште не сте се решиле да го посетите вашиот фризер, неколку добри предности, ќе ве убедат.

Лесна за одржување

За долгата коса пред секое излегување потребно ви е време за да ја исушите, исчешлате и наместите и ви одзема премногу време. Кратката коса е практична и наменета е за вработени или зафатени жени кои имаат поважни работи во мислите од тоа како да ја средат косата.

Се чувствувате послободни

Долгата коса знае да ви тежи на главата и рамениците, за разлика од кратката коса која ви дава чувство на слобода и едноставност.

Ве подмладува

Кратката коса секогаш може да ја украсите со интересни шноли, машнички, цветчиња кои само ќе ви дадат повпечатлив изглед. Кратката коса ве прави помодерни, а со тоа и помлади.

Лесно поминувате со прстите низ неа

Долгата коса побрзо и полесно се мрси и плетка, па мора постојано да ја чешлате. Со кратката коса тоа не се случува толку често, бидејќи може само со прстите да поминете низ косата и да ја разбушавите.

Ви дава построг изглед

Особено на оние со овален облик на лицето им дава построг изглед. Ако имате слатко и мило лице со нежни црти, никако не го кријте под долгата коса, туку истакнете го со кратка фризура.

Одберете некоја од модерните кратки фризури за оваа година:

Би можело да ве интересира:

14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg