Тренди моден хит: Машка кошула на женски начин

Време е за стилски предизвик. Ако често имате навика да ја позајмувате облеката ан вашето момче за низ дома, сега може и да ја покажете надвор. Потребни ви се малку идеи и правилен начин за да ја искористите.

trendi-moden-hit-mashka-koshula-na-zenski-nacin-01

Можеби тоа нема да му се допадне нему, покрај сите ваши парталчиња, што сега стигнавте и до неговите кошули, но на некои момци може да им изгледа и слатко и секси.

Научете како машката кошула да ја носите на женски начин. Ова не е воопшто кич ако случајно се двоумите дека некој може да ви се потсмева.

Слободно додавајте детали и комбинирајте на различни начини. Бидете автентични и стилски. Освен тоа, ова е најнов моден тренд на улиците и време е да го примените.

1. За почеток може да позајмите кошула во сина боја или некоја обична со интересен дезен. Неа може да ја вклопите во некој пастелен стајлинг . Потребна ви е блуза во белузлава боја и здолниште до колена. Некои впечатливи сандали и подготвени сте.

 trendi-moden-hit-mashka-koshula-na-zenski-nacin-1


2.
Машката кошула исто така може да ја комбинирате со елегантни црни панталони, но во овој случај високите потпетици се задолжителни. Се разбира белата класична кошула може да ја дополните со впечатлив накит.

 trendi-moden-hit-mashka-koshula-na-zenski-nacin-2


3.
Машка кошула и џинс е одлична спортско елегантна комбинација за самоуверени девојки со стил.

 trendi-moden-hit-mashka-koshula-na-zenski-nacin-3


4.
Најелегантната варијанта е комбинација на обична машка кошула и обичен црн фустан. Софистициран и подеднакво шик изглед кој може да привлече многу погледи.

 trendi-moden-hit-mashka-koshula-na-zenski-nacin-4

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
40 идеи за аутфити за матурантките кои не знаат што да носат Долги, свечени фустани, кратки, впечатливи фустани или покежуал варијанти со пан...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Идеи за маникир за сите вљубенички во „Барби“ трендот (фото) Розовата револуција ја зафати цел модна сцена, па таква е ситуацијата и со нокти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg