Модни додатоци кои ќе направат да заблескате

Модните додатоци се задолжителни доколку сакате да изгледате привлечно и заводливо. Секогаш бидете во чекор со новините и со она што е „ин” во новата сезона. Токму затоа пред самиот почетокот на летото одберете ги оние видови модни додатоци кои ќе ве истакнат и ќе направат да блеснете.

modni-dodatoci-koi-kje-napravat-da-zableskate-01

Подновете го вашиот аксесоар и обрнете внимание на овие додатоци:

Синџирче за коса

На пикник, на плажа или преку ден во кафуле овој додаток е одличен доколку посакувате да се издвоите од останатите луѓе. Синџерчето, пожелно е да биде нежно, а не премногу нападно и косата нека ви биде во разбушавена пунџа или пуштена без други додатоци.

modni-dodatoci-koi-kje-napravat-da-zableskate-1


Миди прстенчиња

Апсолутен хит оваа пролет и лето се миди, средните прстенчиња, кои се носат на првата половина од вашиот прст. Можете дури на сите четири прсти од едната рака да ги наредите во златна или сребрена боја. Изгледаат одлично и даваат некој посебен ефект на женственост.

modni-dodatoci-koi-kje-napravat-da-zableskate-3


Манжетна на увото

Изгледаат одлично доколку одите на некоја интересна забава на која сакате да оставите посебен впечаток. Манжетната која ќе ја носите на уво дефинитивно ќе ве истакне пред останатите. Има најразлични видови на дизајнерски манжетни, па можете да ја одберете онаа која одговара на вашиот стил.

modni-dodatoci-koi-kje-napravat-da-zableskate-2


Впечатлива јака

Вашата секојдневна кошула или блуза може да стане дизајнерско парче со додавање на впечатлива јака. Овие јаки ги има во најразлични материјали и истите се лесни за правење. Изгледаат впечатливо, уникатно, модерно и што е најважно ќе ве истакнат.

modni-dodatoci-koi-kje-napravat-da-zableskate-4

Она што треба да го направите е секој од овие модни додатоци да го вметнете во вистинска комбинација како би станал ваш моден впечаток.

Секој од овие додатоци ќе направи да блеснете, но не смеете да користите два или повеќе од овие додатоци во комбинација, бидејќи ќе добиете спротивен ефект.

Би можело да ве интересира:

Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Модели на здолништа кои изгледаат застарено (и е тешко да ги комбинирате) Здолништата со должина до колената прават нозете да изгледаат пошироко, додека о...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg