Без грешка: Бои кои добро им стојат на сите жени

Сите имаат свои омилени бои кои постојано ги ставаат во комбинација, но не знаат дека тие се универзални бои. Се комбинираат на различни начини, но има некои кои се универзални и им стојат на сите.

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-01

Ако се двоумите и не сте сигурни која боја најдобро ви стои на вашиот тен или боја на коса, а не сакате да експериментирате дознајте ги боите кои ви одговараат на сите.

Црна

Црната боја е стара, добра  класика и добро ѝ стои баш на секоја жена, а притоа одлично се комбинира и со секоја друга боја. Затоа е и најзастапена во женската гардероба. Црната облека ви дава нота на елеганција и префинетост, а притоа успешно го сокрива вишокот килограми.

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-1


Темносина

Темносината испраќа порака на удобност, сигурност и одговорност. Одлично им стои на сите жени, а најдобро се комбинира со бела, боја на слонова коска и боја на кожа.

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-2


Сива

Наспроти тоа што сивата можеби ве делува како досадна боја, сепак одлично им одговара на сите девојки, а одлично се комбинира и со сите други бои. Нејзината неутралност е она што ѝ дава посебна магија, а ако ја вклопите во комбинација со некоја силна боја, како жолта, розева или црвена, сигурно нема да ви изгледа досадно.

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-3


Виолетова

Виолетовата е исто така една од ретките бои кои добро им стојат на сите дами, без оглед на бојата на коса или тенот. Остава впечаток на раскош и самоувереност. Оваа сезона посебно се во тренд нежните виолетови нијанси.

bez-greska-boi-koi-dobro-im-stojat-na-site-zeni-4

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg