Елеганцијата доби ново лице во колекцијата на Ели Сааб за пролет/лето 2015

elegancijata-dobi-novo-lice-vo-kolekcijata-na-eli-saab-za-prolet-leto-2015-01.jpg

Ели Сааб ненадејно ја промени палетата на бои, но и додаде нови силуети и користеше поинакви техники за да ја создаде најновата модна колекција.

Инспириран од морското синило, својата ревија ја започна со неколку креации во стилот на 70-те, украсени со принтови од подводниот свет.

По нив, на пистата се појавија модели во касични сини, бели и црни креации од тантела, кои се состоеја од комбинизони, магични проѕирни фустани до под и кратки фустани со набори.

Најважни, како и секоја година, беа свечените вечерни тоалети, кои овој пат беа со омбре ефект, извезени со кристали и со длабоки шлицови од страна.

Елеганцијата и сексапилот со потпис на Ели Сааб сега доби нов изглед:

Би можело да ве интересира:

Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg