Облека која ја проширува секоја фигура: 3 модели кои треба да ги избегнувате

Функцијата на облеката освен да го покрие телото е и да ги истакне најубавите делови на него, а да ги сокрие недостатоците.

obleka-koja-ja-prosiruva-sekoja-figura-01

Но, понекогаш некои од популарните кроеви или дезени не може секоја девојка да ги носи на ист начин, бидејќи не одговараат на секоја фигура, па може да се добие сосема спротивен ефект.

Пред да облечете нешто, внимавајте на 3 детали, доколку не сакате да изгледате како да сте десетина сантиметри пошироки.

1. Крупни детали на еднобојна ткаенина

Големи цветови, ромбови, кругови и други детали на еднобојна позадина визуелно го зголемуваат обемот на телото. Проширувањето изгледа поголемо, ако овие дезени се на фустан, маица или панталони со широк крој.

obleka-koja-ja-prosiruva-sekoja-figura-1.jpg


2. Хоризонтални пруги на бела позадина

Класичниот морнарски дезен е голем хит во последно време, но мора да се носи со големо внимание. Хоризонталните линии на бела позадина визуелно го прошируваат телото, особено ако не ги следат контурите на телото.

obleka-koja-ja-prosiruva-sekoja-figura-2.jpg


3. Тантела во светла боја

Црната тантела на темна основа има ефект на стеснување, но светла боја на тантела дава спротивен ефект, бидејќи визуелно го проширува телото, па и оние со идеална фигура може да изгледаат со повеќе сантиметри во обемот.

obleka-koja-ja-prosiruva-sekoja-figura-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg