4 џемпери кои секој маж треба да ги има оваа зима

Додека температурите се намалуваат, изборот на џемпери во гардероберот треба да се зголемува.

4-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-01.jpg

Тие се неопходни, топли, удобни, прекрасни... А следниве 5 модели се вистински хит оваа зима:

Џемпер со V отвор

Идеален за деловен изглед со класична кошула и панталони, но и за лежерните изданија со омилените фармерки и чизми. Бојата е по желба, исто како и плетката.

4-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-02.jpg



Џемпер со крупна плетка

Модел кој совршено ќе се вклопи во студените денови кога сакате да се чувствувате топло и удобно. Сите модни икони веќе имаат по најмалку 3 вакви џемпери, па зошто и вие да не се подновите со барем еден?

4-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-03.jpg



Џемпер со празничен мотив

Ослободете се од едноставноста и одберете џемпер со храбар дезен и мотив. Ѕвездичките и шарите во празнични бои секогаш ќе ви го подигнат расположението, дури и во најтмурните денови.

4-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-04.jpg



Џемпер на раскопчување, со дебела јака

Идеален за слоевито облекување, за комбинирање со омилените фармерки, дезенирана кошула и топло сако или палто. Марамите и шаловите се секогаш добредојдени заедно со овој модел на џемпер.

4-dzemperi-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-ima-ovaa-zima-05.jpg

Потсетете се на 5-те џемпери кои секоја жена треба да ги има оваа зима.

Би можело да ве интересира:

6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg