Основни правила за беспрекорен стил: Инвестирајте во квалитетни фармерки

Основните правила за беспрекорен стил се неопходни ако сакате да изградите автентичен стил по кој ќе ве распознаваат.

osnovni-pravila-za-besprekoren-stil-investirajte-vo-kvalitetni-farmerki-01.jpg

Хармонијата помеѓу класиката и автентичноста е најдобриот пат по кој може да тргнете за да го оформите чувството за мода.

Облекувањето е средство за комуникација

Постои теорија дека што и да правите во животот, на некој начин комуницирате. Токму така заклучуваме дека изборот на гардероба е еден вид порака која ја испраќаме, односно потајно ги откриваме намерите и вкусот кој го негуваме.


Удобноста е најважна

Колку и да е квалитетна гардеробата која ја носите, ако во неа не се чувствувате удобно, таа нема да го подобри вашиот стил. Напротив, секоја неудобност е видлива и изгледа лошо.

osnovni-pravila-za-besprekoren-stil-investirajte-vo-kvalitetni-farmerki-02.jpg

Добрите фармерки се секогаш исплатлива инвестиција

Од време на време добро е да ги искористите попустите и да се израдувате со евтини фармерки, но квалитетниот пар кој трае со години е инвестиција на која не треба да штедите. Тој пар треба да одговара за сите годишни времиња, сите маички, палта и чевли кои ги имате.


Не треба слепо да ги пратите трендовите

Трендовите се супер, интересни, варијации на повеќе измешани стилови, но брзо поминуваат. Не ги пратете слепо, наместо тоа избирајте квалитет и она што најдобро се вклопува со вашиот сензибилитет.

osnovni-pravila-za-besprekoren-stil-investirajte-vo-kvalitetni-farmerki-04.jpg

Деталите се важни

Еден сосема обичен детаљ може да направи потполно поинаква комбинација. На пример, пробајте една иста комбинација со закопчана и со откопчана кошула и маица, ќе разберете за што зборуваме.


Мора да бидете единствени

Смислете нешто што ќе биде впечатливо и по што луѓето ќе ве препознаваат, без оглед дали се работи за пар обетки или боја на кармин.

Исфрлете ги трендовите и истакнете ја личноста. Само така никој нема да се сомнева во вашиот стил!

osnovni-pravila-za-besprekoren-stil-investirajte-vo-kvalitetni-farmerki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
Трикови за комбинирање накит, кои ќе ви користат (со нив славните дами ги кријат недостатоците) Накитот, без разлика дали обетки, прстени или ѓердани, е одличен начин да ја над...
Модели на панталони што треба да ги избегнувате (ако сакате визуелно да ги издолжите нозете) Многу широки фармерки и кратки панталони со низок струк – кои модели треба да ги...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg