Како да се облечете како модерна њујорчанка? (фото)

Нема жена која не ја обожава удобноста и трендовите кои секоја сезона се менуваат низ улиците на Њујорк. Но, едно нешто изгледа вечно останува - минимализмот пропратен со строги линии.

kako-da-se-oblecete-kako-moderna-njujorcanka-foto-01.jpg

Доколку сте во фаза каде сакате да го надградите личниот стил, или едноставно сакате да се опуштите и да експериментирате, најлесно ви е да пробате да изгледате како вистинска њујорчанка.

Стилот на овие жени е секогаш прифатлив, елегантен, отмен, а сепак удобен.

Важно е само да ги почитувате овие 5 правила:

1. Дотерајте се, но не претерувајте

Жените во оваа светска метропола пред сè го ценат комфорот. Затоа балансот помеѓу елегантните и релаксираните парчиња облека е тајната формула на добриот изглед. И секако - многу слоеви!

kako-da-se-oblecete-kako-moderna-njujorcanka-foto-02.jpg

2. Удобни чевли

Ништо нема да ве издаде дека сте турист во Њујорк како што тоа може да го направат несоодветните чевли. Во њујоршките гужви и хаосот неприфатливи се потпетици од 15 сантиметри и платформи. Бирајте балетанки, спортски патики кои моментално доживуваат модна кулминација, чизми до глуждовите или елегантни сандали и салонки.


3. Носете вечерна гардероба и преку ден

Кај овие жени ништо не е строго одредено и затоа уживаат во разновидноста на облеката, материјалите, боите. Понекогаш, не се плашете вечерниот фустан да го облечете за на работа или за на кафе, но да го искомбинирате со патики и тексас јакна, наместо со сандали и палто.


4. Избегнувајте го накитот

Колку и да ви се допаѓаат гломазните обетки или нараквици, задржете се до минимализмот и речиси невидливиот накит. Еден часовник и пар минијатурни обетки се сосема доволни.

kako-da-se-oblecete-kako-moderna-njujorcanka-foto-03.jpg

5. Кога се мислите, одберете црно

Њујорчанките се познати по неутралните бои, посебно комбинацијата од црна, сива и тегет. Овие нијанси создаваат една сосема поинаква силуета од женското тело, плус, кога гардероберот ви е полн со неутрални бои секогаш имате можност за повеќе од 101 комбинација.

Ако ги примените овие 5 правила, еве како може да изгледате уште денес:

Би можело да ве интересира:

Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Лесно, удобно и модерно: 5 модели на чевли кои се (и ќе бидат хит) летово Удобни, лесни за носење и изгледаат светски - ова се најпопуларните чевли ова ле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg