4 стилски правила кои секој маж треба да ги знае на памет: Кога барате пари, носете кравата

Не се залажувајте дека ќе изгледате добро само ако ги следите трендовите. Сега доволни ви се само овие 4 правила за секогаш беспрекорен изглед.

4-stilski-pravila-koi-sekoj-maz-treba-da-gi-znae-na-pamet-koga-barate-pari-nosete-kravata-01.jpg

Правило број 1 - Поважно е да изгледаш добро секој ден, отколку различно секој ден

Не мора да се пресоблекувате еднаш неделно, но добрите фармерки може да ги износите со 5 различни маички, дуксери и џемпери.


Правило број 2 - Кога бараш пари, секогаш носи кравата

За разлика од моментално модерните кежуал бизнис варијанти, едноставноста секогаш има подобар ефект. Без оглед на тоа како изгледа вашата канцеларија или работна атмосфера, секогаш кога ќе си го поставите прашањето „дали да ставам кравата денес“, правилниот одговор гласи - секогаш носете кравата ако сакате туѓата пара да премине во вашиот џеб.


Правило број 3 - Црните чевли се основа, но знаат да бидат досадни

Ако носите црно одело или темни фармерки, тогаш морате, ама баш морате да носите и црни чевли. Но, доколку носите бои како што се сина, сива, кафена или комбинација од овие три, кафените чевли секогаш ќе изгледаат попрефинето.


Правило број 4 - Додека вие забележите дека ви треба шишање, верувајте дека сите веќе забележале

Ова мора сами да го откриете, колку точно денови треба да поминат пред да се ишишате. Ако наоколу шетате со ставот „ми треба шишање“, нема далеку да дотуркате. Наместо тоа, јавете се неколку дена порано кај фризерот и закажете си термин.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg