7 модни трикови за шик изглед со мал буџет

Секоја девојка сака да изгледа модерно и шик во секое време, но не секогаш има доволно буџет да ја следи модата во секој чекор.

7-modni-trikovi-za-sik-izgled-so-mal-budzet-1

 Доколку и вие сакате да сте модерни постојано, а имате мал буџет моментално, овие 7 трикови ќе ви помогнат да останете шик во секоја прилика.

Одберете палета на бои

Одлучете облеката да ја купувате исклучиво во една палета на бои, на пример црна, бела и вашата омилена. Потоа комбинирајте ги сите три постојано, заедно или одделно.

Одберете стил

„Модата поминува, но стилот останува“, вели познатата светска поговорка. Затоа одберете еден стил и купувајте облека која е во неговиот опис. Така ќе заштедите на непотребни парчиња кои никогаш не ги вадите од плакар.

Инвестирајте во класични парчиња

Инвестирајте во бела, црна кошула, квалитетни фармерки, црни панталони,  добри штикли како и кратко црно фустанче кое никогаш не излегува од мода, но секогаш ќе ви се најде кога не знаете што да облечете.

Направете листа на она што ви треба

Бидејќи девојките често купуваат сè што ќе им се фати за око, а потоа никогаш истото не им се фаќа за рака.

Пребарајте го убаво плакарот

Можеби во него се крие некое постаро парче кое може да го искомбинирате со новите парчиња и да изгледате уште помодерно од тоа што сте планирале.

Дајте му време на модниот стилист во вас!

Не се оптоварувајте со тоа да се облекувате секогаш модерно, дури и кога одите до продавница. Опуштете се, чувајте ја креативноста за добри прилики и дајте му време на модниот стилист во вас!

7-modni-trikovi-za-sik-izgled-so-mal-budzet-2

Секогаш чувствувајте се удобно во тоа што го носите на себе

Без разлика што и да носите, погрижете се секогаш да се чусвтвувате удобно во него. Прекршете го правилото дека за убавина и мода се трпи сè, бидејќи покрај модерното, може и да се чусвтвувате удобно, доколку знаете како!

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg