Зошто последното копче на машкото сако никогаш не треба да се закопчува?

Ако имате сако со 3 копчиња веројатно и го знаете бонтон правилото понекогаш да го закопчувате горното, секогаш средното и никогаш последното копче на дното.

zoshto-poslednoto-kopce-na-mashkoto-sako-nikogash-ne-treba-da-se-zakopcuva-01.jpg

Ако имате сако со две копчиња, крајното копче, исто така, не треба да го закопчувате.

Тоа е како „тајно“ модно правило кое треба да го знаат сите мажи.

Модните дизајнери дури и креираат одредени сакоа така да изгледаат поубаво коа крајното копче е откопчано.

Но, зошто? Зошто воопшто маката да ставате копче, ако никогаш не треба да го користите?

Одговорот нè навраќа наназад во минатото до дебелиот крал Едвард 7-ми кој владеел од 1906-та го 1910-та година. Кога тој бил принц на Велс, сакото станало главен моден додаток за мажите, а како тој станувал подебел, така решил да престане да го закопчува последното копче за подобро да му одговара сакото.

zoshto-poslednoto-kopce-na-mashkoto-sako-nikogash-ne-treba-da-se-zakopcuva-1.jpg

Од почит кон него, сите во Англија и британските колонии престанале да го закопчуваат последното копче.

Звучи смешно и чудно, но оваа „Едвардова теорија“, како што ја нарекува модниот директор на британскиот GQ, Роберт Џонсон, за Британците претставува факт, не мит.

zoshto-poslednoto-kopce-na-mashkoto-sako-nikogash-ne-treba-da-se-zakopcuva-2.jpg

Едвард, како што велат историчарите, имал легендарен апетит.

Јадел цел оброк за појадок, ужина, чајанка, ручек и вечера (оброци кои се состоеле од 12 различни јадења). Пиел умерено и пушел по 12 пури дневно. Едвард внимавал и на машката мода.

Плус, сметал дека далеку поудобно е да се носи сакото откопчано и секој почнал да го копира тоа.

zoshto-poslednoto-kopce-na-mashkoto-sako-nikogash-ne-treba-da-se-zakopcuva-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg