Стилска двојка: Криси Тајген и Џон Леџенд


Стилска двојка: Криси Тајген и Џон Леџенд

Криси Тајген и Џон Леџенд се познати по начинот на кој ги носат стајлинзите на едно повисоко ниво и се инспирација на многумина.

stilska-dvojka-krisi-tajgen-i-dzon-ledzend-01

Тие се инспиративни и со својата љубовна романса. Џон секогаш ја поддржува Криси во нејзиниот професионален живот, како и во периодот кога се бореше со постпородилната депресија. Криси пак е најголемиот фан на Џон при секој чекор од неговата кариера.

Двојка што се облекува одлично и постојано си го чува грбот еден на друг има зошто да биде пример, зарем не?

Откако направија свадба на езерото Комо во Италија во 2013 година и ја добија ќерката Луна во 2016 тие стануваат само приватно поисполнети, професионално понадградени и модно поинспирирани.

На Тони наградите 2017 Криси облече бел фустан со златни риги од Памела Роланд, а Џон блесна во класичен црн косум. На балот Мет Гала 2017 Криси се одлучи за креација од Маркеса, а на Оскарите 2017 таа блесна во раскошен фустан од Зухаир Мурад.

Парот изгледа неверојатно стилски дури и кога фатени за раце само се шетаат по улиците на Њујорк.

Ова се нивните најстилски моменти:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спас од жешко: Опавче на 25 начини Ферги, Кејт Бекинсејл, Сиена Милер се само дел од познатите дами што ја обожаваа...
30 највпечатливи појавувања на Ријана на светските манифестации Ријана има впечатлив стил и храброст да ги проба сите трендови. Од фустани од ко...
Шик и удобни: Летни ленени фустани Кога температурата ќе надмине 30 степени, размислуваме како на наједноставен нач...