Дамите гламурозни, но пристојни, Бред Пит „освојува“ со изгледот – Црвениот тепих на Оскари 2020 (фото)

Покрај тоа што е најголем филмски настан во годината, Оскарите се идеален повод за славните да ги покажат своите најдобри, гламурозни комбинации.

damite-glamurozni-no-pristojni-bred-pit-osvojuva-so-izgledot-crveniot-tepih-na-oskari-2020-foto-01.jpg

Како и на секој настан сезонава, Скарлет Јохансон повторно се најде на листата на најдобро облечени, заедно со Шарлиз Терон, Рене Зелвегер, Марго Роби, Пенелопе Круз и уште многу други дами кои се појавија во елегантни, но едноставни тоалети.

На црвениот тепих на Оскарите оваа година немаше премногу кич, барем не од големите ѕвезди.

Мажите како и вообичаено, се држеа до елегантните смокинзи, а помеѓу најдобро облечените мажи беа Бред Пит, Рами Малек, Леонардо ди Каприо, Марк Руфало, Кијану Ривс и многу други актери кои се држеа до сигурни комбинации.

Во последниов период, Бред Пит повторно си ја враќа славата и станува миленик кај женската популација, а на овој настан се појави со добро познатата долга фризура и елегантен смокинг. Били Портер пак, како и на останатите настани сезонава, се појави во дводелна комбинација со здолниште, креација на Giles Deacon.

Погледнете како изгледаа ѕвездите на црвениот тепих на Оскари 2020:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&...
Девојче (4) од Скопје во розови стајлинзи е мини верзија на Барби (фото) Барби манијата ја зафати и Македонија, а 4-годишно девојче од Скопје со аутфитит...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg