10 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш

6. Гранада

Гранада е лоцирана во југоисточниот дел на Шпанија и во подножјето на планината Сиера Невада. Од сите нешта кои вредат да ги посетите, задолжително мора да ја видите Алказаба – најстарата маварска тврдина која е под заштита на УНЕСКО. Постојат и маварски тесни улици и малечки куќички со двор кои ќе ве натераат да се заљубите во шармот на градот.

Задолжително посетете ги градините Хенералифе на династијата Насрид каде ќе најдете прекрасни базени, цветови и дрвја. Ако сте љубител на фламенко, посетете ги пештерите Сакрамонте каде што тоа е атракција за туристи.

И уште нешто што вреди да се спомене е дека во Гранада ќе најдете стари арапски бањи од кои некои датираат уште од 11-тиот век.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-006granada.jpg

7. Кордоба

Лоциран во регионот Андалузија, Кордоба е стар град кој во минатото бил важен римски град и исламски културен центар. Доколку сакате историја, тогаш овој град треба да ви биде на листата од задолжителни места кои треба да ги посетите.

Вредно да се спомене е дека овде е роден познатиот филозоф Сенека. Поради сите историски случки, Кордоба се смета за светски центар за литература.

Градот е познат по производството на кожа и огромните плантажи со маслинки. А, задолжително мора да го посетите и „Parque de Miraflores“. Постои популарна шпанска изрека која вели дека токму од Кордоба доаѓаат најубавите жени.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-007cordoba_copy.jpg

8. Саламанка

Саламанка е главниот град на Кастилја и регионот Леон лоциран во северозападниот дел на Шпанија. Саламанка е познат по својата ренесансна архитектура и градби од песочен камен кои имаат златен сјај – по што градот уште е познат како „Златниот град“.

Задолжително посетете го плоштадот Плаза Мајор, лоциран во центарот на градот, кој целиот е изграден во барокен стил. Саламанка е град кој е особено добар за студенти и го има еден од најстарите универзитети во земјата кој датира дури од 13-тиот век. Други нешта што треба да ги видите се Каса де ла Кончас и Новата Катедрала.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-008salamanca.jpg

9. Малага

Освен што е еден од најстарите градови во Европа, тој е еден од најстарите градови и во светот. Основан во 770 год п.н.е. градот ги доживеал феникијанската, римската, арапската и христијанската ера, што значи бидете спремни да видите историски споменици од многу периоди и култури.

Овој град е родното место на Пикасо и неговата куќа е отворена за посети, а има и музеј каде може да видите дел од неговите дела. Алкзаба – маварска палата со поглед на море, замокот Гибралфаро и паркот Тиволи се само дел од местата кои задолжително треба да ги посетите ако одите во Малага.

10-spanski-gradovi-koi-zadolzitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-09

10. Толедо

Толедо се смета за „Градот на 3-те култури“ бидејќи во него со векови живеат христијани, муслимани и евреи и секој има дел од својата култура сокриена во градот. Благодарение на ова, ќе видите голем број катедрали, синагоги и џамии.

Градот има средновековни ѕидини и тесни улички од калдрма и кога ова ќе го споите со шпанскиот шарм, добивате место во кое ќе се заљубите уште на прв поглед. Толедо нуди богата архитектура, па затоа задолжително посетете ја Катедралата на Толедо каде имате можност да видите уметнички дела од Гоја, Ел Греко, Рубенс и др. Не заборавајте да го посетите Алказар, Кристо де ла Луз и музејот на Санта Круз.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-10toledo.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg