20 чудесни дестинации во Европа

11. Анси, Франција

20-chudesni-evropski-destinacii-11.jpg

Многумина ќе се сложат дека Анси е најубавиот и најмагичниот мал град во Европа. Се наоѓа крај истоименото езеро во југоисточна Франција, кое е второ по големина, а е прогласено за најчисто во Европа. Главно обележје на Анси се водените канали, поради кои неодоливо потсетува на помала верзија на Венеција.

 12. Брашов, Романија

20-chudesni-evropski-destinacii-12.jpg

Брашов е еден од најпосетените градови во Романија, пред сѐ поради близината со атрактивните стари градови и замоци. Ако сте фан на возењето по „нескротени“ патеки, тогаш патиштата кои водат од Брашов до околните села едноставно ќе ве воодушеват.

13. Санкт Петербург, Русија

20-chudesni-evropski-destinacii-13.jpg

Љубители сте на руската книжевност? Ве привлекуваат деталите од руската историја? Тогаш Санкт Петербург е вашиот тип на град. Толку руски, а сепак толку различен од остатокот на државата. Богатата руска историја и космополитскиот начин на живот се испреплетуваат на секој чекор во градот. А, доколку сте заинтересирани и за величествената руска архитектура, додадете го Санкт Петербург на својата листа за патувања уште веднаш.

14. Стокхолм, Шведска

20-chudesni-evropski-destinacii-14.jpg

Доколку сакате да го искусите сиот шарм на северот, во градот кој својата слава ѝ ја должи на популарната група ABBA, тогаш Стокхолм треба да биде вашата следна дестинација. Шведската престолнина е град кој заслужено го носи епитетот „скандинавски бисер“. Ќе ве воодушеви со старинскиот шарм и неодоливиот амбиент, а разочара единствено со превисоките цени.

15. Езерото Блед, Словенија

20-chudesni-evropski-destinacii-15.jpg

Идилично, тивко и релаксирачко, езерото Блед е едно од најубавите во Европа. Има сѐ што ви е потребно за да се одморите и подготвите за новите животни предизвици. Поради блискоста со Љубљана, Блед е совршена дестинација за еднодневен излет и опуштање во сликовитата природа за сите оние кои ќе го посетат главниот град на Словенија.

16. Цермат, Швајцарија

20-chudesni-evropski-destinacii-16.jpg

Без оглед на тоа дали сте скијач-почетник, или веќе сте добро изграден вљубеник во снежните радости, скијањето на падините на Цермат буквално ќе ве остави без здив. Импресивните скијалишта кои се простираат од швајцарските, па сѐ до италијанските Алпи, ретко кого оставаат рамнодушен.

17. Замокот Килхурн, Шкотска

20-chudesni-evropski-destinacii-17.jpg

Едни од најубавите глетки ќе ги пронајдете токму во Шкотска. Прекрасниот брег, во комбинација со изолацијата од остатокот на светот се добитен избор за секој патник кој е во потрага по мир и спознавање на себеси. На тој пат, не заборавајте да го посетите руинираниот замок Килхурн, изграден во далечниот 15-ти век. Отворен е за туристи во текот на летото, овозможувајќи им на посетителите да се запознаат со дел од неговата древна историја.

18. Халштат, Австрија

20-chudesni-evropski-destinacii-18.jpg

Сликовитото село на истоименото езеро е една од најпрепознатливите локации во Австрија. Селото лежи на богати рудници за сол, која овде се вади од пред 7000 години, а што допринело кон тоа Халштат да стане познат ширум светот.  Денес, пак, она што најмногу ги привлекува туристите се прекрасните пејзажи и мирното езеро, кои го прават совршено место за одмор во природа.

19. Бонифацио, Корзика

20-chudesni-evropski-destinacii-19.jpg

Бонифацио може да се пофали со две мориња по цена за едно, како и долг повеќекилометарски брег. Средоземното Море се наоѓа на западната, а Тиренското Море од источната страна. Ова место нуди широк спектар на занимации за активен летен одмор, но само доколку сте подготвени да му одолеете на капењето во тиркизно синото море.

20. Мон Сен Мишел, Франција

20-chudesni-evropski-destinacii-20.jpg

Островот Мон Сен Мишел е посебен по тоа што секој ден, плимата го отсекува од остатокот на светот, а осеката одново го спојува. Во средиштето е црквената кула, сместена во самото срце на островот. Црквата е изградена во 709-та година, a кон крајот на 10-тиот век тука пристигнуваат Бенедиктинците, градејќи ги зданијата кои ја сочинуваат визурата на островот денес.

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 европски патувања (со автомобил) на кои треба да отидете барем еднаш во животот Некои патувања се создадени за авантура, а не само за туристички разглед. Затоа,...
9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та Финска и Словенија се омилени дестинации за 2024 во Европа, а во Африка тоа е Та...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
3 кул светски дестинации, за патувачите на кои им е здодеано од „клише“ туристички места Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе...
Дестинации ширум светот кои туристите сакаат да ги видат најмногу - Која е најпопуларна атракција во... Во Македонија Охридското Езеро е најпопуларната атракција за туристите, додека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg