10 летни трикови кои ќе ви го олеснат одењето на одмор


10 летни трикови кои ќе ви го олеснат одењето на одмор

Кога зборуваме за лето, зборуваме за жежок песок, ладна вода и бронзен тен. И сè звучи совршено.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-001.jpg

Сепак, постојат мали проблемчиња кои може да нè извадат од кожа во таа убавина.

За ова лето да помине без стрес и нервози, ви помагаме со 10 едноставни трикови:

1. Намачкајте ги нозете со бебешка пудра пред да одите на плажа. Така песокот нема да ви се лепи за стапалата.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-1-1.jpg

2. Важните работи најдобро ќе ги заштитите ако ги ставите во детска пелена. Верувајте, никој нема да чепка таму.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-2.jpg

3. Ако лесно ве заболува глава од нуркање, пред да се нурнете, пробајте го следново: држете го носот затнат и држете го воздухот во вас 5-10 секунди. Вдишете длабоко и повторете уште двапати. Така полесно ќе се привикнете на притисокот.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-3.jpg

4. Заштитете го телефонот со вакуум кеси.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-4.jpg

5. Ако ушите ви се наполнат со вода, направете го следново: земете обичен гумен балон, затнете ги ноздрите и почнете да го дувате балонот. Кога ќе слушнете „кликање“ во ушите, тоа значи дека конечно се чисти и без вода.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-5.jpg

6. За секогаш ладни пијалаци, во замрзнувачот секогаш чувајте шишиња до половина наполнети со вода. Пред да излезете, во мразот додадете сок или било каков пијалак и спакувајте. Во следните 4 часа сигурно ќе имате нешто ладно за пиење.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-6.jpg

7. Ако не сакате да имате песок на пешкирот на кој лежите, заменете го со чаршави со ластик.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-7.jpg

8. Влечките ќе бидат секогаш ладни ако ги ставите со ѓонот свртени нагоре.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-8.jpg

9. За шишињата да не се залепат со песок ви треба само една мала хартиена чашка.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-9.jpg

10. Телефонот исто така може да го заштитите од песок и со пластична фолија.

10-lesni-trikovi-koi-ke-vi-go-olesnat-odenjeto-na-odmor-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои не смеете да ги правите кога сте во Грција Како и во секоја друга земја, така и во Грција постојат правила кои не смеат да ...
12 тајни како патувањето со авион да биде поудобно Ако сакате да патувате низ светот и тоа го правите со авион и долги летови, тога...
Што да правите ако се најдете на отворено море? Сите обожаваме плажи и се обидуваме барем еднаш во годината да отидеме на море. ...