Балканска прошетка - 7 есенски авантури кои не смеете да ги пропуштите


Балканска прошетка - 7 есенски авантури кои не смеете да ги пропуштите

Истрошени од патување налево-надесно и пари и со есента веќе на прагот, веројатно сите имаме желба за уште едно патување кое ќе го означи почетокот на новата сезона.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-01.jpg

Доколку не ви се оди премногу далеку, имаме 7 совршени места на Балканот за вас.

Време е да ги (ре)откриете балканските убавини, да видите нешто ново и интересно и да запишете нови возбудливи авантури во вашиот ментален дневник:

Авантуристичко возење со Балкан Експрес

Познатата железничка линија која поминува низ повеќе балкански предели нуди незаборавни глетки и пејзажи. Качете се од Белград и возете се до Бар, мало гратче кое дише со историја, на брегот на Јадранското Море во Црна Гора.

Ова е една од најубавите железнички линии во Европа.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (6).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (5).jpg

Моќниот Рилски манастир

Лоциран на истоимената планина, овој манастир бил формиран во 10 век. Годипно привлекува околу милион туристи, а навистина има и зошто.

Прекрасни глетки, богато историско наследство и автентична архитектура. Рилскиот манастир е оддалечен само 117 km од Софија.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (17).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (18).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (19).jpg

Живописното Врело Буне во Благањ

Совршен спој на природа и архитектура, лоцирано околу течението на реката Буна. Текето Благањ, манастир изграден во 17 век е одлична идеја за посета во текот на целата година, бидејќи местото се одликува со блага медитеранска клима.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (20).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (21).jpg

Величествената Аја Софија

Оригинално изградена како Грчка православна црква, а подоцна преобразена во манастир, денес Аја Софија е музеј кој е можеби најдобриот печат на Истанбул, од културолошки, историски и архитектонски аспект.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (7).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (9).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (8).jpg

Магичниот Охрид

Можеби си го земаме понекогаш здраво за готово бидејќи ни е блиску и е наш, но сите туристи кои го посетиле се согласуваат дека е еден од најубавите градови кои ги виделе во животот.

Самуиловата тврдина, Канео, Свети Наум и синото езеро, што повеќе би посакале?

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (14).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (15).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (13).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (16).jpg

Вечниот Дубровник

Мештаните ќе ви кажат дека Дубровник не е она што беше по снимањето на популарната серија Game of Thrones, бидејќи владее неподнослив хаос поради огромниот број на туристи.

Но, Дубровник сепак останува монденска дестинација за луѓе со вкус. Истражувањето на градот со жичарницата е особено возбудливо задоволство.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (1).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (3).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (2).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (4).jpg

Карпестите Метеори

Поради екстремните температури – прежешко во лето и преладно во зима, есента е одличен временски период за посета на Метеорите во Грција.

Комплексот православни манастири ќе во влее мир во душата и ќе ви го исполни срцето со тишина. Глетката е просто неверојатна, како излезена од некоја приказна.

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (12).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (11).jpg

Balkankan-prosetka-7-esenski-avanturi-koi-ne-smeete-da-gi-propustite (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто патувањата во есен се поубави? Многумина ги поврзуваат патувањата со летниот период поради годишните одмори кои...
5 работи кои воопшто не треба да ги пакувате за на одмор Навистина е интересно тоа што кога се пакуваме, мислиме дека сѐ ќе ни треба, па ...
14 европски дестинации кои го заслужуваат вашето внимание и посета Скриени бисери, ете токму така се опишани овие 14 места низ Европа за кои сигурн...