Грешки кои и најискусните патувачи сè уште ги прават

Можеби патувате доволно често за да мислите дека знаете сè и ништо нема да ве изненади, но сигурно сè уште правите одредени грешки.

greshki-koi-i-najiskusnite-patuvachi-se-ushte-gi-pravat-01.jpg

Со тек на времето сигурно сте научиле дека нема потреба од преголеми куфери и дека забавата често е во некој паб во споредните улички.

Но и покрај тоа, веројатно некои нешта никогаш не ги научивте за патувањето:

Не резервирате преноќување

Ова е грешка која ја прават и најискусните. Многу е веројатно дека летот или долгото патување ќе ве уморат, па затоа не е лошо да го „преполовите“ патот со тоа што ќе преспиете и ќе продолжите или ќе резервирате соба во хотел за меѓу два лета, наместо да чекате во аеродромот.

greshki-koi-i-najiskusnite-patuvachi-se-ushte-gi-pravat-02.jpg

Не купувате патничко осигурување

Патничкото осигурување е потребно да го имате дури и ако се враќате од пат истиот ден. Никогаш не можете да предвидите дали ќе изедете нешто што не му годи на вашиот стомак или случајно ќе се повредите. Парите за осигурувањето се ситница спрема тоа колку ќе ве чини лекарски трошок доколку го немате.

Се чувствувате обврзани да ги посетите атракциите

Атракциите се најздодевните делови од градовите. Секогаш се преполни со луѓе кои се фотографираат во за нив креативни пози и создаваат гужва. Најдете алтернативна забава во големите градови, верувајте, ја има.

greshki-koi-i-najiskusnite-patuvachi-se-ushte-gi-pravat-03.jpg

Ги жртвувате сонот и оброците

Запомнете, особено е важно да спиете редовно и да се храните соодветно дури и кога патувате. Не нарушувајте го сопствениот ред кој сте го воспоставиле само затоа што не сте дома.

Се обидувате да планирате

Помирете се, ова нема да ви успее, особено ако патувате во место што не го знаете. Секогаш постои можност да се успиете, да не најдете такси или да не ви се допадне местото. Не се вознемирувајте ако ништо не оди по планот бидејќи и онака плановите се нереални.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg