Не треба да ги богат за да патуваш - Неколку совети за евтино патување

Сите сакаме да патуваме. Во тоа сум сигурен. Но, најголем број на луѓе остануваат дома со изговор дека немаат пари и поради тоа не можат да си го дозволат тој „луксуз“. За сите овие години, патувањето никогаш не го сметав за луксуз. Прво нешто што треба да сфатиме е дека не треба да сте богати за да патувате.

FotoJetgolema

Ако сте креативни и имате желба да патувате, ќе ве израдувам и ќе ви кажам дека имате многу опции за да создадете сопствена одисеја. Верувајте ми, иако на почеток може да изгледа застрашувачки, и сигурно ќе се чувствувате неспокојно, по првите неколку дена ќе добиете сосема нова перцепција за светот околу вас.

https://www.instagram.com/p/BkGE7zhgtc6/

Од моето досегашно искуство, сакам да споделам неколку совети, кои ќе ви помогнат подобро да го организирате сопствениот буџет. Патувањето не треба да биде скапо за да се именува како вредно. Во спротивно, најскромните нешта во животот носат најголеми спознанија и промени. Па, да започнеме тогаш!

Ако не сте пребирлива личност и не наоѓате маани на сѐ живот, тогаш лесно може да најдете можност да престојувате во странство на подолг период. Не очекувајте да се вратите со полн куфер пари.

Она што ќе го добиете тука е искуството и луѓето што ќе ги запознаете. Мојот омилен сајт за волонтерска работа во светот е www.workaway.info и не можам да се пожалам за ништо до сега.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Постојат различни можности од грижа за деца, работа во хостел или на фарма, учество во клубови за сурфање и нуркање, одгледување на животни и плантажи. Нема да има крај ако почнам да ги набројувам можностите.

Пред некоја година, месец и половина работев во хостелот Friendly Hills. Да, бевме шестмина сместени во една соба, но затоа имавме обезбедено бесплатно сместување, храна – колку ти душа сака и скромен џепарлак. И тоа во Баиро Алто, најзабавниот дел од Лисабон.

Ако сте на краткорочно патување, а немате доволно кеш да платите за преноќување, во тој случај посетете го веб сајтот www.couchsurfing.com и пронајдете го домаќинот со кој ќе остварите најдобра комуникација.

Во изминатите години, имам престојувано кај повеќе од 100 различни луѓе во Европа. Концептот на оваа платформа и не е толку тежок за разбирање. Буквално одите на гости кај некого што никогаш претходно го немате виденото.

Безбедно и проверено е, освен ако не сте некој тежок малер!

На ова може да се надоврзе и еден од клучните фактори – прехранувањето. Ако сакате поевтино да поминете, гответе сами. Колку и да звучи провиден советот, на крај од денот ќе сфатите дека сте потрошиле помалку пари.

Во најголем дел од престојувалишта ќе налетате на кујна, па тогаш искористете ја таа можност и хранете се со вкусни и здрави оброци.

Како за крај ќе напишам реченица-две за наоѓање на евтин превоз. Свесни сме колку е скап меѓуградскиот превоз во најголем број од европските држави, па тогаш зошто да не ја искористите можноста на www.blablacar.com. Едноставно за функционирање и секако безбедно.

Резервирате седиште и се возите со личност, кој претходно својата рута на патување ја објавил на платформата. На еден начин ги делите трошоците, и плус поевтино си поминувате.

Има уште доста интересни совети, но прво испробајте ги овие, па за останатите ќе се надоврземе во некоја следна прилика...

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg