Дали овие туристички дестинации се преценети?

Рекламите на туристичките агенции нè убедуваат дека секоја земја има само една интересна атракција која мора да ја видиме и дека ништо друго не вреди. 

Dali se ovie turisticki destinacii preceneti 01

Таквата ситуација влијае на економијата на многу земји, особено на оние што зависат од туризмот. Бидејќи вниманието е насочено само кон едно место како задолжителна дестинација за посета на одредена земја, повеќето други места остануваат практично празни.

Ајфеловата кула не е единственото нешто што треба да се види во Париз, а пирамидите во Гиза не го претставуваат Египет. Доколку често патувате треба да обрнете внимание и на другите локации кои можеби не се во брошурата на агенцијата, бидејќи само така ќе можете да се запознаете со некое место.

Езеро Лох Нес (Шкотска)

Доколку решите да одите во Шкотска само за да го видите чудовиштето од езерото Лох Нес, не се трудете. Шкотска има многу прекрасни места, како што е Музејот Келвингроув, каде што се чуваат најважните колекции на уметничките дела во Европа.

Канкун (Мексико)

Заминување во Канкун повеќе не е добра идеја како што била пред неколку години. Огромниот прилив на туристи доведе до создавање на гужва, а најголемите атракции се плажите и баровите, кои секогаш се преполни.

Холивуд (САД)

Ако планирате да патувате во Лос Анџелес само да ги видите златните ѕвезди на улицата, можеби ќе сакате да го промените планот и да го посетите музејот со импресивната колекција на фосили и стари скелети.

Кула во Пиза (Италија)

Иако овој објект е неопходна станица за посета во Италија, можете да се фокусирате и на другите дестинации, како Неапол, градот познат по најдобрата пица во светот.

Dali se ovie turisticki destinacii preceneti 02

Лас Вегас (САД)

Веројатноста дека ќе го напуштите Лас Вегас како милионер е 1:10000. Затоа е подобро да посетите друга дестинација во Невада. На пример, Ред рок кањон.

Лондон (Англија)

Лондон не се само Биг Бен. Постојат многу други места во овој град кои можете да ги посетите. Еден од нив е Музејот на Мадам Тисо со најпознатата колекција на восочни фигури во светот.

Dali se ovie turisticki destinacii preceneti 03

Колку ќе уживате во патувањето зависи само од вас и од вашите желби. Запомнете, не можете целосно да го запознаете местото или да ги откриете сите убавини доколку не се осмелите да истражите повеќе од она што ви е понудено во брошурата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg