7-те места на Земјата со најголема духовна енергија

Ширум светот постојат неколку посебни места кои имаат силна духовна поврзаност. Некои се познати како историски светилишта за религиски церемонии, додека другите се „благословени“ со моќна духовна енергија. 

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-01 (1).jpg

Доколку сакате да ја однесете вашата духовност на ново ниво, тогаш сигурно ќе сакате да ги посетите местата на Земјата со најголема духовна енергија.

1. Стоунхенџ, Велика Британија

Најпознатиот мистериозен споменик потекнува уште од праисторијата. Изграден пред повеќе од 3.000 години, конструкцијата на градбата барала такво инженерство, што ги буни и модерните експерти. Навистина е чудно да се замисли како луѓето од каменото време успеале да ги довлечкаат камењата од 25 тони до конечната локација.

Ова светилиште оригинално имало 30 камени столбови, но денес се останати само 17. До денес не се знае кое било значењето на камениот круг за населението што го изградило.

Целиот простор е полн со паганска историја, па се верува дека е извор на голема духовна енергија. Дури и денес овде се изведуваат религиски церемонии. За духовните луѓе, Стоунхенџ е место каде што можете да добиете духовно просветлување.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-01.jpg

2. Бенарес, Индија

Познат и како Варанаси, светиот град Бенарес е лоциран покрај реката Ганг во Индија. Ова е важно религиско место во Индија, а религиите како хиндуизмот го сметат за најсветиот од 7-те свети градови.

Хиндусите го сметаат градот за свет откако Шива и Паврати живееле овде. Верниците од Индија, но и од целиот свет, одат на аџилак во градот за да прават кремации или да медитираат. И покрај загаденоста, тие го гледаат местото како духовно чисто со можност за прочистување од сите смртни гревови.

Исто така, реката овозможува „мокша“ - последното ослободување од циклусот на живот, смрт и одново раѓање.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-02.jpg

3. Пирамидите во Египет

Пирамидите во Гиза, Египет се многу повеќе од неверојатни гробници. Местото датира од околу 2500-2560 година п.н.е. и е познато место за гледање ѕвезди и астролошки читања, а некои луѓе дури тврдат дека ги поврзуваат нивните енергии со оние на пирамидите.

Наводно, пирамидите можат да им помогнат на луѓето преку неколку видови духовно гатање или гледање, вклучувајќи читање од пирамиди, читање од тарот карти, гледање на песок и читање од дланка.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-03.jpg

4. Ватикан, Италија

Секоја година, милиони католици го посетуваат Ватикан, домот на католицизмот. Сепак местото има поврзаност и со духовно надарените луѓе. Во минатото Католичката црква не ги прифаќала натприродните способности.

Но, неодамна, еден католички автор кој наводно има натприродни способности, изјавил дека може да ги гледа минатото, сегашноста и иднината. Еден католички свештеник пак изјавил дека верува дека секој од нас има некоја натприродна моќ. На пример, способноста мајката да почувствува кога детето ѝ е во неволја.

Она за коешто предупредува религиската организација е погрешната употреба на овие дарови. Нивниот совет е да не им верувате на гатачите кои тврдат дека комуницираат со светци, бидејќи наводно, можете само да им се молите на светците кога ви е потребна нивната помош.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-04.jpg

5. Тибет

Тибет е изолиран од светот веќе неколку векови. Сепак, поради политичката напнатост, почнаа да излегуваат тајните на оваа држава. Ова мистериозно место, кое географски се наоѓа највисоко на Земјата, е центар на будистичката култура посветена на духовниот живот.

Вклучувањето во овие традиции ќе направи да се чувствувате исполнето и духовно прочистено.

Будистичките свештеници имаат интересен поглед кон натприродните способности и духовниот развој. За време на медитација, тие можат да развијат способности како астрална проекција и јасновидост.

Иако овие способности изгледаат корисно, свештениците не сакаат да се фалат со ова.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-05.jpg

6. Мачу Пикчу, Перу

Инките го направиле Мачу Пикчу во Светата Долина на Перу, како олтар што ќе ги поврзи со „Ѕвездените луѓе“. Легендите ги опишуваат како група која ги посетувала Инките и ги благословувала со духовна енергија.

Некои јасновидци тврдат дека Мачу Пикчу им помогнал на неколку нивни клиенти. Имено, клиентите се чувствувале трансформирано откако го посетиле и откако шетале на светото место.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-06.jpg

7. Бали, Индонезија

Неверојатниот остров во Индонезија е место каде што се спојуваат духовните енергии на будизмот и хиндуизмот. Исто така, ова е место каде што јасновидците лекувале скршени срца, хронични болки и стрес.

Но наводно, за третманите да бидат ефикасни, требало да им дозволите на позитивните енергии да си го направат своето, а вие да бидете со отворен ум.

7-te-mesta-na-zemjata-so-najgolema-duhovna-energija-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg