Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


4 корисни интернет платформи што секој патувач и авантурист мора да ги испроба

Предлог 1: Ќе започнам со апликацијата за која сметам дека ни е најпотребна на сите, а тоа CouchSurfing. Тоа е платформа за бесплатно сместување по домови кај луѓе што претходно никогаш ги немаш сретнато во живот.

korisni internet platformi sto sekoj patuvac i avanturist mora da gi isproba 3

Јас секогаш мечтаам по некоја далечна дестинација и неуморно пробувам да се замислам себеси во некое поразлично опкружување.

Сакам интуицијата да ме води по скриени и тесни улички, да не планирам премногу, туку да уживам во она што сегашниот миг ми го сервира некаде далеку.

Затоа ви предлагам листа со корисни интернет платформи што секој патувач и авантурист барем еднаш во животот мора лично да ги искуси.

Пожелно е да се излезе од шаблонското патување и да се доживее нешто ново, поразлично и незаборавно.

Корисни платформи:

Ќе почнеме со апликацијата за која сметам дека ни е најпотребна на сите, а тоа CouchSurfing. Тоа е платформа за бесплатно сместување по домови кај луѓе што претходно никогаш ги немаш сретнато во живот.

Колку и да ти звучи сомнително, воопшто нема потреба од паника. Моето лично искуство брои над стотина престои во различни домови.

Користењето е едноставно, се најавуваш со својот профил, бираш место кое сакаш да го посетиш и испраќаш персонализирано барање за сместување… И чекаш одговор.

Едни од најинтересните патувачки искуства потекнуваат токму од оваа платформа. Уште нешто, се плаќа некоја членарина во зависност од каде потекнувате. Ништо страшно!

korisni internet platformi sto sekoj patuvac i avanturist mora da gi isproba 4

Оние кои сакаат да патуваат на подолг период многу често се одлучуваат да ја искористат платформата Workaway, каде можеш да си обезбедиш сместување и храна, а за возврат треба да си достапен по неколку часа дневно за извршување на обврските и задачите за кои ќе се договориш со домаќинот.

Како да беше вчера кога волонтирав во хостел во Португалија, во храм на Кришна во Белгија или во училиште во Данска. Тоа што го доживеав таму засекогаш ќе остане впиено во мене и благодарен сум што имав можност да го доживеам сето тоа.

korisni internet platformi sto sekoj patuvac i avanturist mora da gi isproba 5

Ако некогаш одлучиш да патуваш со велосипед тогаш платформата WarmShowers е измислена за тебе.

Првенствено е наменета за сите луѓе кои заминуваат на подолго патување со својот велосипед и тука ќе најдеш заедница на фини луѓе од секаде во светот. Ем бесплатно сместување, понекогаш и вкусна вечера, и секако, ново познанство и пријателство.

korisni internet platformi sto sekoj patuvac i avanturist mora da gi isproba 7

Понекогаш кога патуваме добиваме желба да каснеме нешто готвено, а не цело време да јадеме во ресторани или брза храна. Токму апликацијата EatWith ти овозможува да резервираш ручек или вечера со локалци, да бидеш дел од некој приватен кулинарски настан.

Изборот е голем, од заедничко подготвување на традиционални јадење, до дегустирање на храна, вино, како и тури низ маркети за храна и слично.

Испробај го ова поразлично доживување. Јадењето во друштво често знае да биде позабавно.

korisni internet platformi sto sekoj patuvac i avanturist mora da gi isproba 6

Е. Х.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg