Дечко и девојка од Србија шетаат низ светот без да потрошат цело богатство - откриваат кои се нивните трикови за евтини патувања

Оние што често патуваат сигурно знаат да споделат голем број корисни трикови за тоа како да патувате за помалку пари. Овие двајца блогери од Србија откриваат како успеваат да ги посетат сите омилени дестинации во светот без притоа да потрошат премногу пари.

kako-lugjeto-postojano-odat-na-patuvanja-balkanski-blogeri-otkrivaat-koi-se-nivnite-trikovi-za-pomali-troshoci-01.jpg

Српските блогери Ана и Иван, на својот блог putujuciranac редовно споделуваат фотографии и репортажи за нивните патувања низ светот, а нивниот Инстаграм профил е вистинска ризница со фотографии од сите места што успеале да ги посетат.

Неодамна, тие одлучија да споделат неколку трикови со кои што се служат на патувањата со цел да заштедат финансии и да патуваат поевтино.

„Често не прашувате како поминуваме евтино на патувањата. Во овој рил ви пишуваме кои се нашите главни ‘финти’“ – пишуваат блогерите до објавата.

Ана и Иван овојпат споделија 6 корсни трикови со коишто се служат тие:

1. Евтините летови ги бараме преку веб страната azair.eu или skyscanner.net;

2. Купуваме билети неколку месеци порано;

3. Патуваме само со ранец што спаѓа во големината 40x30x20;

4. Летаме со нискобуџерни авиокомпании (Wizz air, Easy jet, Ryanair, Vueling…);

5. Кога резервираме билети не ги бираме седиштата, туку ги прифаќаме оние што ќе ни ги доделат, а некогаш се заменуваме со некои луѓе во авионот или може да се случи авионот да биде полупразен;

6. Резервираме сместување на Booking со бесплатно откажување.

Погледнете го видеото:

Погледнете повеќе фотографии од патувањата на Ана и Иван:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg