Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


5 дестинации како од хорор филм – ќе ги посетат најхрабрите, останатите ќе бегаат со врескање од страв

Чкрипење на подовите, плачење, лелекање, морничави слики од кои мрзне крвта во жилите. Дали имате храброст да преспиете во едно од овие пет места кои како да се излезени од хорор-филмовите? Дури и најсмелите велат дека се преплашиле од страшните звуци, погледот на сенките и обезглавените силуети кои лебделе околу нив во текот на ноќта. 

5-destinacii-kako-od-horor-filmovite-koi-ke-gi-posetat-samo-najhrabrite-a-ostanatite-ke-izbegaat-od-strav-01.jpg

Некои историски замоци отсекогаш важеле за застрашувалчки места. Со векови се раскажуваат приказните за убиствата што се случиле таму, за духовите кои шетаат ноќе и бараат правда за себе.

Овие морничави приказни одамна се и дел од локалниот фолклор, но и неизоставен дел од туристичките тури.

Дали е мит или добар маркетиншки трик, ќе откриете сами, ако се осмелите да ги посетите.

Ова се петте најморничави дестинации во Европа:

Килкени, Ирска

Овој средновековен град во Ирска го одбележиле многу трагедии, кои и денес се раскажуваат меѓу населението.

Првите вештерки осудени на смрт се убиени токму во ова мало гратче. Легендата вели, свештениците ги палеле на клада и ги гледале како горат живи.

Нивните крици и сега се слушаат ноќе, ако чекорите по празните градски улици.

Легендата вели дека Алис Кајтелер во 1324 година била првата жена обвинета дека е вештерка. Таа избегала, а наместо неа, била погубена нејзината слугинка.

Денес во градот постои малата гостилница, Кајтелер Ин, која порано била домот на Алис и каде што духот на некоја жена и денес се качува по скалите. Некои од посетителите во гостилницата тврдат дека успеале да ја фотографират.

Во 1763 година, шестнаесет луѓе се удавиле во реката Нора и до денес се раскажува како нивните исплашени ликови може да се видат во утрата кога има силна магла.

Во Килкени велат дека е проколнат и дворецот Шанкил. Легендата вели дека многу луѓе што останале да преспијат таму, никогаш не излегле живи.

Локалното население раскажува дека и сега ги лазат морници кога проаѓаат покрај замокот и одеднаш ќе почне да дува студен ветер.  

5-destinacii-kako-od-horor-filmovite-koi-ke-gi-posetat-samo-najhrabrite-a-ostanatite-ke-izbegaat-od-strav-06_resize.jpg

Островот Повеља, Италија

Лоциран во близина на Венеција, островот Повеља се нарекува и остртов на духови. Тука венецијанците ги испраќале сите кои покажувале и најмали знаци на чума.

Често луѓето насилно ги носеле на островот, па со генерации се раскажуваат приказните за нивните страшни вресоци. Тука се запалени преку 160.000 луѓе, па од човечката пепел е формиран 50% од островот.

На почетокот на 20-тиот век, во Повеља е отворена психијатриска болница во која луд научник вршел страшни експерименти врз луѓето. До толку бил налудничав, што на крајот се самоубил, скокајќи од ѕвоното на црквата во градот.  

Туристите кои ја посетиле Повеља раскажуваат дека додека шетале по островот ги лазеле морници.

5-destinacii-kako-od-horor-filmovite-koi-ke-gi-posetat-samo-najhrabrite-a-ostanatite-ke-izbegaat-od-strav-04_resize_copy.jpg

Замокот Брисак, Франција

Иако на прв поглед делува раскошно, францускиот замок Брисак крие мрачна тајна. Во 15-тиот век, Жак де Брезе ги фатил неговата сопруга Шарлот де Брезе и нејзиниот љубовник, па телата им ги пресекол со меч и ги обезглавил.

Според друга легенда, изневерениот сопруг ја задавил сопругата, а го избодел до смрт љубовникот. Тој побегнал од дворецот зашто духовите на убиените не му давале мир.

Денес, луѓето велат дека духот на љубовникот го нашол својот мир и одамна го нема, но духот на Шарлот и понатаму шета низ замокот во зелен фустан. Затоа е позната и како Зелената дама.

5-destinacii-kako-od-horor-filmovite-koi-ke-gi-posetat-samo-najhrabrite-a-ostanatite-ke-izbegaat-od-strav-05_resize_copy.jpg

Кулата на Лондон, Англија

Познатата Кула на Лондон има крвава историја. Изградена во 11-тиот век, се користела како затвор и место каде што повеќе од осум века биле погубивани затворениците.

И денес го сметаат за проколнато место во кое живеат најмалку тринаесет духови. Повеќето од овие духови се членови на британското кралско семејство, меѓу нив и кралот Хенри Шести, три кралици - Ен Болејн, Кетрин Хауард и Џејн Греј, но и два млади принца кои ги заробил и убил нивниот вујко, Ричард Трети.

Низ ходниците на кулата најчесто се сретнува обезглавениот дух на Ен Болејн, но и духовите на две непознати дами, белата дама која се препознава по мирисот на евтин парфем и сивата дама, која самата решила да се појавува пред туристите.

5-destinacii-kako-od-horor-filmovite-koi-ke-gi-posetat-samo-najhrabrite-a-ostanatite-ke-izbegaat-od-strav-03_resize.jpg

Акершус Фестнинг, Норвешка

Легендата вели дека оваа средновековна тврдина е едно од најстрашните места во Норвешка. Изградена во 14-тиот век, тврдината била затвор до 1950 година.

Затоа и денес таму се слушаат ѕвечкања на ланци и тешки чекори по ходниците, гребење и шепоти. 

Вработените во замокот тврдат дека често се случува некој невидлив да ги допре или силно да ги бутне од зад грб. 

Во замокот денес живее и духот на Мантелгејстен, жена без лице во долг фустан која често шета од една во друга одаја. 

5-destinacii-kako-od-horor-filmovite-koi-ke-gi-posetat-samo-najhrabrite-a-ostanatite-ke-izbegaat-od-strav-07_resize.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 некомерцијални грчки острови за идиличен одмор (ќе се вљубите инстантно) Кога помислувате на грчки острови, први на памет сигурно ви паѓаат добропознатит...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
3 кул светски дестинации, за патувачите на кои им е здодеано од „клише“ туристички места Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg