Не им скратувајте обврски и одлуки: Како да израснете независни деца?

Секој родител сака да го направи животот на своето дете што полесен. Но, она што ќе му го олесните денес, ќе направите да му биде потешко во иднина, кога ќе треба сам да го направи.

kako-da-izrasnete-nezavisni-deca-ne-gi-skratuvajte-od-obvrski-1

Секое дете треба да има обврска што одговара на неговата моментална возраст. Колку порано - толку подобро, треба да ги вметнете овие навики во секојдневието на вашите деца:

1. Да се грижат за домашните миленичиња

Не мора да ги извршуваат сите обврски околу чувањето, но доволно е да носат храна и течности за миленичето.

2. Да помагаат во гледањето на братчето/сестрата

Дозволете му на вашето дете да биде дел и да има улога во растењето на помалиот член во семејството, и научето го уште од мало да прави љубезни гестови безусловно.

3. Да помагаат во готвењето

Ако користат сигурни предмети кои неможат да им наштетат, децата уште од мали можат да се научат да ги мерат состојките на вага и да научат кое јадење е здраво, а кое не.

4. Да ве придружуваат во супермаркет

Пред да одите во супермаркет, консултирајте се со вашето дете и заедно направете листа за купување. Организирајте го буџетот и додека купувате, пресметувајте заедно колку пари сте потрошиле.

5. Сами да си ја изберат гардеробата

Иако од некои комбинации можеби ќе ви се „слошува“, сепак треба да оставите секојдневната облека сами да си ја избираат. Кога донесуваат свои одлуки, многу полесно градат сопствен карактер уште од мали.

6. Да нарачаат пица

Многу тинејџери имаат фобија од телефонски разговори, која подоцна им се одразува во работата. Затоа учете ги децата уште од мали да разговараат на телефон со непознати, па дури и да е за едноставна работа како нарачка на пица.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg