Не ве оставија мали и беспомошни, не ги оставајте стари и немоќни: Совети за грижа за родителите

Вашите родители веќе не се во цветот на младоста, па наоружајте се со тон трпение и љубов.

ne-ve-ostavija-mali-i-bespomoshni-ne-gi-ostavajte-stari-i-nemokjni-soveti-za-griza-za-roditelite-01.jpg

Вашите родители целиот свој живот се грижеа за вас и се жртвуваа за вас, па сега кога се стари и немоќни време е вие да се покажете.

Луѓето, што би го дале срцето за вас, во староста имаат најголема потреба од вашата нега и љубов.

Вашите родители се борат со маките што ги носи таа доба од животот, но вие можете многу да им помогнете во тоа:

- Признајте си себеси дека работите се променија и дека вашите родители не се здрави и силни како некогаш. Сега се немоќни и вие мора да им помогнете.

- Наоружајте се со трпение и не ги брзајте. Тие не се во цветот на младоста и за некои работи им е потребно повеќе време.

- Внимавајте на нивните емоции, затоа што во поодминати години луѓето стануваат многу почувствителни. Лесно може да се расплачат за ситница, но може и комплетно да се затворат во себе.

ne-ve-ostavija-mali-i-bespomoshni-ne-gi-ostavajte-stari-i-nemokjni-soveti-za-griza-za-roditelite-02.jpeg

- Очекувајте негодување и лутина. Тие се бесни што ја губат моќта и авторитетот врз вас.

- Грижете се за нив, но дадете им чувство дека тие го контролираат својот живот. Само давајте им насоки, а тие сами нека носат одлуки.

- За да им покажете почит и љубов прашувајте ги за мислење. Побарајте совет, со задоволство ќе ви раскажат нешто од нивното животно искуство.

- Читајте за болестите кај старите луѓе за да можете да препознаете симптоми како деменција или депресија кај нив.

- Кога не можете да се справите со ситуацијата, побарајте поддршка од семејството, но и од експерти како доктори, психолози и физиотерапевти.

ne-ve-ostavija-mali-i-bespomoshni-ne-gi-ostavajte-stari-i-nemokjni-soveti-za-griza-za-roditelite-03.jpeg

- Често знаат да имаат испад на бес, но не сфаќајте сериозно и не ставајте си сè на срце.

- Подгответе се за непријатни разговори околу наследството. Дури и на шега да споменуваат што ќе биде по нивната смрт, тоа ги боли.

- Пружете им мигови што ќе ги паметат. Добрата забава ќе направи барем на миг да заборават на својата состојба.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg