Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Мајка ги подели мислењата – за роденденот на децата барала подароци во плико

„Со парите купив нешто што сакаат, а тоа што ќе остане ќе им го заштедам и така не ги имам низ дома непотребните глупости кои сите ги купуваат“ - вели оваа мајка која ги подели мислењата откако откри дека за роденденот на децата побарала сите да дадат пари наместо подарок. 

majka-gi-podeli-mislenjata-za-rodendenot-na-decata-barala-podaroci-vo-pliko-01_copy.jpg

Сите ќе се согласиме дека работите за деца се скапи. Па, кога доаѓа роденденот и сите прашуваат што да му се купи на детето, многу мајки посакуваат да кажат пари.

Но, се чини дека овој одговор сè уште знае да биде незгоден…

Па, една мајка на ТикТок сака да го нормализира барањето пари како роденденски подарок, а многумина ја поддржуваат во ова.

Таа во своето видео вели дека на роденденската забава за нејзината ќерка која полнела 2 години и нејзиниот син кој полнел 1 година, како роденденски подарок од гостите побарала пари.

Така, на овој начин собрале речиси 2400 долари и таа успеала да го купи подарокот кој децата го сакале, а останале уште пари кои ќе ги чува како нивна заштеда. 

Барањето пари за подарок значи дека секој може да придонесе за нешто во што нејзините деца ќе уживаат и ќе го користат.

A, oсвен што ќе заштеди, таа вели дека нема да собираат непотребни работи, кои можеби никогаш нема да ги употребат.

Погледнете го видеото: 

@madison_barbosa

Normalize cash for birthdays! Or if gifting an item is something you enjoy, ASK what that mama/child needs before buying a toy 🫶🏼 #momminmads #unfilteredmotherhood #fyp #irishtwins #kidsbirthdayparty

♬ original sound - Madison Barbosa

Иако барањата за pari за родендените на децата честопати предизвикуваат дебата, сепак, повеќето мајки кои коментираат на видеото се согласуваат и ја поддржуваат нејзината идеја:

„Ми се допаѓа ова бидејќи знаете што сакаат вашите деца, што користат/ќе користат, а и за гостите ова е поедноставно“.

„Син ми доби 3, повторувам 3 сета ударни музички инструменти… следната година ќе го направиме ова“.

„Мојот син има 6 тетки и чичковци од страната на неговиот татко. Секогаш избирам да му донесат поголем групен подарок. Нема потреба од 6 помали подароци“.

majka-gi-podeli-mislenjata-za-rodendenot-na-decata-barala-podaroci-vo-pliko-02.jpg

Сепак, овде се поставува и прашањето, што е со возбудата при отворањето на подароците?

Па така, многумина сметаат дека е можеби себично да се побара тоа од гостите и да се стават во непријатна ситуација, а од друга страна детето да нема ништо на што ќе се радува веднаш по прославата. 

Какви се вашите размислувања за оваа тема? Би побарале ли пари како роденденски подарок?

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg