Алонсо потфрли, Фетел победи

Шансите на Фетел за освојување на третата титула во низа видно се зголемија откако на Гран При викендот во Јапонија Алонсо не успеа да ја заврши трката по судир уште во првиот круг додека Фетел успеа да го заземе највисокото место на пиедесталот со што се доближи на само 4 поени зад водечкиот Алонсо во генералниот пласман.

alonso-potfrli

Втор беше Фелипе Маса со што си ги засили шансите за продолжување на договорот со Ферари и следната сезона и го одржа духот на тимот по хаваријата на Алонсо. Камуи Кобајаши беше трет што е за него прво искачување на пиедесталот а задоволството да е поголемо тоа го стори пред домашната публика. Тој е прв Јапонски возач во топ трите по Агури Сузуки во далечната 1990.

Ова беше разочарувачки викенд за Мекларен откако нивните возачи Батон и Хамилтон завршија на четвртото односно петтото место. Кими Раиконен заврши шести а по него беа Хулкенберг, Малдонадо, Вебер и Рикардо.

Вебер ја изгуби втората позиција откако беше дел од судир во кој повторно беше вклучен Грожјан. Алонсо настрада најмногу откако во мал удар тој го удри неговиот болид во предното крило од болидот на Раиконен по што Финецот продолжи со трката а Шпанецот ја заврши.

Ова беше се освен мирна трка па така и Нико Розберг се паркираше во боксот откако се судри со Бруно Сена по што искочи и безбедносното возило и тоа по само еден круг од трката. Останатиот дел од трката беше релативно мирен на врвот но со многу претекнувања и дуели за останатите позиции кои носат бодови.

alonso-potfrli-2

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
„Сè уште е тука и не ми недостасува“ – Пријателот на Михаел Шумахер зборува за неговата здравствена ... „Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и ја...
Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg