„Кога конечно реши да ме запроси по 10 години врска, ми даде ужасен свршенички прстен“

„Вознемирена сум затоа што не беше како што отсекогаш сонував, а чекав толку долго...“

koga-konechno-reshi-da-me-zaprosi-po-10-godini-vrska-mi-dade-uzasen-svrshenichki-prsten-01.jpg

Мажите понекогаш навистина знаат да направат погрешна проценка и да не го погодат вкусот на нивната девојка. Но, дури и да се погреши, сè ќе биде во ред затоа што станува збор за љубовта, а не за прстенот, зарем не?

Сепак, една девојка не мисли така. Таа отворено го сподели своето разочарување од прстенот со кој ја запросило момчето на форумот Wedding Bee.

Прстенот воопшто не бил таков каков што таа посакувала, иако му давала конкретни насоки на момчето со кое била 10 години во врска. Тој ја запросил со прстенот од баба си.

koga-konechno-reshi-da-me-zaprosi-po-10-godini-vrska-mi-dade-uzasen-svrshenichki-prsten-02.jpg

Ова е навистина слатко и емотивно, но неа не ѝ се допаднал изгледот на прстенот.

Вели дека кога конечно се одлучил да ја запроси по 10 години врска тоа воопшто не било спектакуларно како што очекувала. Таа вели дека прво била среќна што конечно решил да го направи потегот, ја прифатила понудата за брак, но како минувале деновите сè повеќе го мразела прстенот на нејзината рака.

koga-konechno-reshi-da-me-zaprosi-po-10-godini-vrska-mi-dade-uzasen-svrshenichki-prsten-03.jpg

„Вознемирена сум затоа што не беше како што отсекогаш посакував и сонував, а чекав толку долго, дали некој знае како да му го кажам тоа?“, праша таа на форумот.

На ова многумина ѝ одговорија дека звучи многу неблагодарно и дека ужасно е што вели дека го мрази прстенот од баба му и со тоа покажува непочит кон нејзиниот партнер.

Додека други ја поддржа дека по 10 години заслужува запросување какво што посакувала.

Што мислите вие?

koga-konechno-reshi-da-me-zaprosi-po-10-godini-vrska-mi-dade-uzasen-svrshenichki-prsten-06.jpgНејзината исповед

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...
Дел од најубавите македонски невести на Инстаграм во 2023-та (фото) Од уникатни детали во косата до бајковити венчаници, дел од најубавите македонск...
Најубавите свадби во 2023 година објавени на CRNOBELO Од романтичната венчавка на Драгица од Скопје и Марк од Бејрут во Либан, преку с...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg