„Невестата ми е добра другарка, но претера со барањето за нејзината свадба - што да правам?“

„Мојата пријателка ќе прави свадба оваа есен и ме замоли да ѝ го чувам детето за време на свадбата и се согласив затоа што до тогаш детето ќе наполни две години, но...“

nevestata-mi-e-dobra-drugarka-no-so-koj-pamet-go-bara-toa-od-mene-01.jpg

Вознемирена девојка на Reddit се пожали какво барање од неа имала нејзината пријателка за денот на нејзината свадба.

Таа ја прашала дали би сакала да ѝ помогне на денот на свадбата со грижа за нејзиното дете затоа што работи како педијатар и знае како со деца.  

Девојката бидејќи обожава деца прифатила, но потоа дознала дека невестата всушност сака да се грижи за сите мали деца на свадбата.

nevestata-mi-e-dobra-drugarka-no-so-koj-pamet-go-bara-toa-od-mene-02.jpg

Девојката додава дека често ѝ се случува луѓето да ѝ ги даваат децата да им ги чува, само затоа што знаат дека таа сака деца.

„Мојата пријателка ќе прави свадба оваа есен и ме замоли да ѝ го чувам детето за време на свадбата и се согласив затоа што до тогаш детето ќе наполни две години, ме сака многу и знам дека ќе можам да се справам со него. Но, потоа почнаа да ме прашуваат и други парови за истата услуга за денот на свадбата и сфатив дека е направен план јас да ги чувам децата на сите.

Но, јас ѝ кажав на пријателката дека не се согласувам со тоа и дека ќе го чувам само нејзиното дете затоа што тоа е нејзина свадба. А, ако другите сакаат да им ги чувам децата тогаш да ми платат за тоа. Се разбира, не сакаа.

Потоа, пријателката ми кажа дека две семејства немало да ѝ дојдат на свадбата затоа што мислеле дека ќе има некој на свадбата што ќе се грижи за нивните деца и поради мене го откажале присуството.“

nevestata-mi-e-dobra-drugarka-no-so-koj-pamet-go-bara-toa-od-mene-03.jpg

Луѓето во коментари ја поддржаа девојката и посочија дека тука станува збор за себичност од страна на невестата.

„Кажи ѝ дека е неразумна и дека нема воопшто да ѝ одиш на свадба“, „Таа не е твоја пријателка“, „Јас не би одела на таа свадба и би ѝ кажала дека се чувствувам искористено“, се само дел од коментарите за поддршка.

Дали невестите навистина понекогаш мислејќи дека се центар на светот на својот свадбен ден претеруваат со барањата и ги повредуваат другите?

nevestata-mi-e-dobra-drugarka-no-so-koj-pamet-go-bara-toa-od-mene-04.jpg

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos

Би можело да ве интересира:

Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Дел од најубавите македонски невести на Инстаграм во 2023-та (фото) Од уникатни детали во косата до бајковити венчаници, дел од најубавите македонск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg