„Моментот кога сфатив дека свадбата беше грешка…“

„Момчето сакаше да ја бакне невестата откако ги венчаа, но таа само му го сврти образот. Се разделија една година подоцна...“

momentot-koga-sfativ-deka-svadbata-beshe-greshka-01.jpg

Венчавката е моментот кога еден пар се заколнува на вечна љубов, па сметаме дека штом стигнале дотаму, мора да се сакаат и да бидат сигурни во одлуката заедно да го поминат целиот живот.

Но факт е дека некогаш луѓето брзаат со оваа одлука, а неретко е јасно дека прават грешка уште на самата венчавка. Всушност, во ваквите ситуации и самите гости забележуваат дека нешто не е во ред и сигурно помислуваат дека тој брак нема да трае.

Корисник на Редит, кој е и свадбен фотограф, многупати сведочел на вакви ситуации каде што било повеќе од очигледно дека, кога-тогаш, момчето и невестата ќе се разведат.

„Уште не знам што се случи… Фотограф сум и се видов со момчето и невестата, потпишавме договор за да ја фотографирам свадбата и ми дадоа депозит. Одеднаш момчето стана и си замина. Два месеци подоцна невестата ми кажа дека свадбата е откажана. Три месеци подоцна повторно ми се јави за свадба, овојпат со друго момче, се договоривме и ми плати. На денот на венчавката не се појави никој. Таму бевме само јас и диџејот“, споделува фотографот едно од многуте искуства.

Истовремено, тој ги замолил и другите корисници да споделат слична приказна и досега одговориле стотици луѓе.

Во продолжение дел од најинтересните и најнеобичните одговори:

„Пред да правиме свадба, го замолив тогашниот вереник да вежбаме танцување бидејќи имам физичка попреченост и не можевме да се координираме. Тој ме откачи и ми рече дека сигурно ќе немаме проблеми на свадбата.

Кога танцувавме на свадбата, ми рече: ’Што правиш? Што ти е? Ме срамиш!‘ Бракот траеше две години. Разводот ми беше најдобрата одлука што сум ја донела“.

„Бев на свадба кога среде венчавањето заѕвони нечиј телефон. Беше телефонот на момчето и тој го прифати повикот. Сега се разведени“.

„Пред почетокот на мојата свадба, мајка ми ми рече: ’Ја правиш најголемата грешка во животот. Ако сега влеземе во автомобил и си заминеме, нема никогаш да ти речам ништо‘. Беше во право…“

momentot-koga-sfativ-deka-svadbata-beshe-greshka-02.JPG

„Момчето спиело со друг маж ноќта пред неговата свадба. За ергенската вечер сакал да оди во геј бар. Две години откако се венчаа, ѝ кажа на сопругата дека бил хомосексуалец“.

„Момчето претера кога ја сечеа тортата. Невестата му даде залак и на шега му стави малку шлаг на носот и брадата. Тогаш тој зеде цело парче и толку силно ѝ го залепи за лицето, што очекував невестата да има скршен нос.

Имаше шлаг во носот, во очите, на венчаницата… Потоа мораше да оди да се средува, одново да се шминка и плачеше. На момчето воопшто не му беше грижа“.

„Невестата сама замина на меден месец бидејќи си закажала патување на Карибите, и покрај тоа што нејзиното момче има ужасна алергија на сонце“.

momentot-koga-sfativ-deka-svadbata-beshe-greshka-03.JPG

„Кога момчето сакаше да ја бакне невестата откако ги венчаа, таа му го сврте образот. Се разведоа една година подоцна и дознав дека таа постојано го изневерувала додека беа заедно“.

„На свадбата на двајца мои пријатели момчето почна да се смее кога си ги кажуваа заклетвите и кога требаше да ѝ каже дека ќе ѝ биде верен. Упс“.

momentot-koga-sfativ-deka-svadbata-beshe-greshka-04.JPG

„По вечерата, невестата исчезна и ја немаше цел час. Кога се врати, таткото на момчето го зеде микрофонот и на сите присутни им кажа дека невестата била во хотелска соба со нејзиниот бивш и дека свадбата е завршена“.

„Невестата неколкупати им кажа на девериците дека воопшто не сака да се венча. Момчето дозна за ова дури откако се разведоа“.

„Момчето го почна говорот со: ’Сите знаеме дека не сакав да се венчам, но еве ме овде за невестата и нашето дете... ‘ Бракот траеше една година и три месеци“.

Дали вие сте присуствувале на свадба каде што било јасно дека момчето и невестата прават огромна грешка?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg