5 начини на кои витаминот Ц ве разубавува

Здравствените придобивки до сега ги научивте на памет, па затоа денес ве запознаваме со поубавата страна на витаминот Ц.

5-nacini-na-koi-vitaminot-c-ve-razubavuva-01

Овие 5 третмани можете да ги замените со витамин Ц уште денес:

1. Здрава и долга коса - Наместо да користите различни средства и козметики, доволно е да јадете намирници како јагоди, слатки компири, мали црвени пиперки... Или пак сите состојки заедно издробете ги и нанесете ги на косата како маска. Оставете ја да делува 20 минути и исплакнете.

2. Вишок енергија - Наместо јога и духовни вежби, доволни ви се неколку сокови богати со витамин Ц во текот на денот. Комбинирајте ги омилените овошја и направете си своја енергетска бомба.

5-nacini-na-koi-vitaminot-c-ve-razubavuva-02

3. Долги и негувани нокти - Растот на ноктите лесно може да се подобри ако консумирате поголема количина на витамин Ц. Можете и да подготвите купка за раце од млака вода и свежо цеден лимон, наместо да давате цело богатство за маникир.

4. Ги спречува заноктиците - Нема подобар маникир од лимонот. Витаминот Ц за само неколку минути ќе ви помогне да се ослободите од заноктиците, без дополнителни третмани.

5. Ги брише брчките - Жените во средната доба е најпаметно да земаат зголемена количина на витамин Ц и да го консумираат преку свежа храна. Наместо да се оптоваруваат со скапи креми, доволно е да подготват маска од киви и половина папаја која ќе делува 20 минути.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg