Ритуали поврзани со убавината што ги практикуваат жените ширум светот

Во светот постојат илјадници различни култури и уште толку различни ритуали и совети поврзани со женската убавина. Жените прават сѐ за да ја одржат својата убавина и младешката кожа во подоцнежните години.

rituali-povrzani-so-ubavinata-sto-gi-praktikuvaat-zenite-sirum-svetot

Доколку обожавате предизвици, тогаш ве предизвикуваме да пробате некои од овие ритуали поврзани со убавината:

Рузмарин за сјајни локлни

Жените во соседна Грција употребуваат мешавина на вода и рузмарин со цел да добијат сјајни и уредни локни. Овој ритуал помага и за побрз раст на косата, па доколку сакате да го пробате едноставно во топла вода ставете рузмарин и почекајте да се излади. Откога смесата ќе се излади нанесете ја на вашата коса.

Рецепт против стареење од Кина

Не е ни чудно што жените во Кина изгледаат прекрасно и младо кога го имаат овој интересен рецепт против стареење на кожата. Тие не користат козметика при миење на лицето туку оризова вода. Оризот се вари 20 минути, а откога ќе се излади со водата исплакнете го лицето.

Лимонова вода за цврсти нокти

Французинките отсекогаш се синоним за дами во вистинска смисла на зборот. Во Франција лимоновата вода жените ја користат за да ги зацврстат своите нокти, но и за целосно отстранување на лакот. Па доколку сакате да пробате и вие, растворете еден лимон во мал сад со вода и држете ги ноктите половина час.

Овес против изгореници

Жените во Шпанија имаат интересен лек против изгорениците од сонце. Тие подготвуваат топла бања која ја надополнуваат со овес и на тој начин ги лекуваат изгорениците.

Имате ли вие некој интересен и несекојдневен ритуал поврзан со убавината? 

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg