Видео упатство: Како сами да ставите вештачки трепки?

Периодот на венчавки, дипломски и матурски прослави веќе одамна започна, а секоја девојка која сака да изгледа модерно, троши многу часови и пари на подготовки.

devojki-poglednete-kako-samite-da-stavite-vestacki-trepki-1

 Доколку сакате да ставите вештачки трепки, пред да закажете на козметички салон, размислете на тоа дека можете да заштедите многу пари и да ги нанесете самите дома.

Она што ви е потребно се вештачките трепки и лепило за истите.

Секогаш одбирајте трепки кои убаво ќе се надополнат со вашите трепки - обидете се да ја погодите густината и должината како би делувале поприродно.

Лепилото ќе го нанесете по основата на вештачките трепки и потоа на капакот на вашите очи. Држете ги вештачките трепки со лепилото неколку секунди на капакот на вашето око. Доколку сметате дека се преголеми земете мали ножички за средување на веѓи и скратете ги врвовите, но претпазливо.

Потоа како финиш, можете да нанесете малку римел со цел да добиете боја на вашите трепки. Не заборавајте овие трепки се само за една ноќ, потоа повторно не можете да ги употребите.

Погледнете го и ова видео кое дополнително ќе ви помогне во нанесување на вештачки трепки:

Би можело да ве интересира:

5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg