Совети од професионални шминкери: Покријте ги недостатоците на лицето

За да го постигнете ефектот на долготрајна и прекрасна шминка, морате да вложите малку повеќе труд и да заборавите на досегашното нанесување на течна пудра.

soveti-od-profesionalni-sminkeri-pokrijte-gi-nedostatocite-na-liceto-1

Недостатоците на вашето лице можете многу лесно да ги сокриете, а да ги истакнете предностите. Односно, шминката сфатете ја како магија со која вашите очи може да изгледаат затегнати, усните полни, носот може да изгледа во сосема поинаква форма и тоа се благодарение на шминката.

Она што треба да го направите е да ја нанесете пудрата според правилниот облик на вашето, а за да го направите тоа следете ги советите на професионалните шминкери.

1. Лице во форма на круг

Професионалниот шминкер вели дека најпрво треба да нанесете пудра која е најблиска со тенот на вашата кожа. Потоа, нанесете коректор во посветла боја на оние делови од лицето кои сакате да ги истакнете. На деловите од лицето кои сакате да ги прикриете нанесете пудра во потемна боја и на крајот со четка поминете по целото лице за да ги изедначите различните нијанси на пудра. За да додадете боја на лицето, нанесете руменило, нежна сенка за очи, маскара и секако сјај за усни.

soveti-od-profesionalni-sminkeri-pokrijte-gi-nedostatocite-na-liceto-001


2. Лице во срцевидна форма

Нанесете коректор во две посветли нијанси во облик на лепеза, а потоа со коректорот исцртајте ја брадата и пределот околу очите. На тој начин го истакнувате центарот на вашето лице. На вашите јаболкници нанесете потемна нијанса на пудра односно отприлика три нијанси потемно од вашиот природен тен, така ќе ги подигнете вашите јаболкници на лицете. Она што ви преостанува е да ја изедначите бојата на целото лице употребувајќи четка со која ќе ги размачкате пудрата и коректорот.

soveti-od-profesionalni-sminkeri-pokrijte-gi-nedostatocite-na-liceto-002


3. Лице во форма на дијамант

Најпрво нанесете пудра за да ја изедначите бојата на лицето, а потоа исцртајте две линии со посветол коректор прво на челото, потоа на носот и на крајот на брадата. Нанесете потемна пудра на краевите на лицето за да добиете симетричност, а потоа повторно изедначете ја бојата на лицето. На крајот нанесете посветол коректор за подочници и пудра во прав. Истакнете ги јаболкниците на лицето со малку руменило и тенок слој на сјај за усни.

soveti-od-profesionalni-sminkeri-pokrijte-gi-nedostatocite-na-liceto-003


4. Лице во форма на квадрат

За ваква форма на лице, според професионалните шминкери, она што ви е потребно е најпрво да нанесете пудра за подлога, а потоа да го исцртате пределот околу очите. Со потемна боја на пудра покријте ги аглите на челото и вилицата, на тој начин го акцентирате челото, а вашата брада добива еден вид лифтинг. На крајот изедначете ги боите со четка и повеќе нема да ги гледате вашите брчки во огледалото. Доколку сакате да додадете боја, тогаш нанесете руменило на вашите јаболкници.

soveti-od-profesionalni-sminkeri-pokrijte-gi-nedostatocite-na-liceto-004

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg