9 места на кои заборавате да ставите крема за сончање

Млекото за сончање е задолжително и сите го знаеме тоа. Болестите и оштетувањата на кожата не плашат, но и покрај упорната нега, некои места остануваат незаштитени од невнимание.

9-mesta-na-koi-zaboravate-da-stavite-krema-za-soncanje-02

Можеби затоа што не мислите дека се доволно важни или едноставно ги заборавате, но сепак вреди да запаметите дека овие 9 места на телото се подеднакво чувствителни како грбот, стомакот и рацете.

1. Уши - Според студиите од 2007 година, се покажало дека ушите се на 3-то место кое се заболува од карцином, предизвикан од недоволна заштита од сонце.

2. Теме - Сè додека наредниот ден не ве здоболи, најчесто не ни забележувате дека не сте го намачкале.

3. Очни капаци - Кожата на ова место е посебно нежна и тенка, па затоа не ги заобиколувајте очите додека се мачкате со заштитна крема.

4. Под костимот за капење - Освен ако не носите костими кои ги блокираат зраците, може да се здобиете со изгореници под него.

9-mesta-na-koi-zaboravate-da-stavite-krema-za-soncanje-01

5. Пазуви - Можеби не ви изгледа дека е изложен на сонце, но и овој пат грешите.

6. Горниот дел од стапалото - Додека ги мачкате нозете, никако не ги изоставајте стапалата, посебно горниот дел.

7. Дланки - Веројатно по нанесувањето на крема ги миете рацете, па тие остануваат незаштитени.

8. Усни - На долната усна и е потребна 12 пати посилна нега, затоа што шансите за карцином се 12 пати поголеми отколку на горната усна. Затоа, користете балсам со заштитен фактор.

9. Задниот дел од колената - И воопшто, задниот дел од нозете е најчесто заборавен дел од целото тело.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Јога за лице: 3 вежби со кои ќе ги намалите брчките Во нашата потрага по младешки изглед, сите сме пробале различни третмани за убав...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
Ретинол - магична состојка која отстранува брчки: Како се користи и кој треба да ja избегнува? Ретинолот за лице е состојка која ветува - го забавува стареењето на кожата, ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg