3 начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од стриите

Стриите се лузни кои настануваат заради промената на тежината или заради хормонални пореметувања.

3-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-striite-01

Се појавуваат на било кој дел од телото, меѓутоа најлесно видливи се на стомакот, градите, задникот, колковите и на нозете.

Со текот на времето овие линии стануваат сè повидливи, па затоа треба да се ослободите од нив на време.

1. Исхрана

Стриите настануваат доколку не внесувате храна богата со протеини. Кога кожата нема доволно протеини, колагенот и еластичните влакна пукаат и се создаваат непријатните линии по вашето тело.

Штом забележите една стрија, секојдневно консумирајте зајачко, свинско и пилешко месо, како и грав, кикирики, бадеми, ореви, јајца и магданос.

2. Креми

Ако имате црвени стрии, користете креми. Третиноинот е главната состојка на овие третмани, кој претставува посебен облик на витамин А. Кремата со оваа состојка мора да ја користите 12 недели како би постигнале видливи резултати.

Препаратите за нега на тело кои содржат овошни киселини ја регенерираат кожата и го согоруваат површинскиот слој. Покрај тоа, овошните киселини ја подобруваат текстурата и бојата на кожата.

3. Терапија со ласер

Стриите можете да ги отстраните и со ласер, но ако се одлучите за овој третман, бидете подготвени за најмалку 10 третмани.

Бледите стрии потешко се отстрануваат, за разлика од останатите, па затоа најефикасен начин за нивно исчезнување е ласерот.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg