11 вистини за целулитот кои не сте ги знаеле

Можеби не знаевте, но дури 90% од жените се борат со целулитот. Модерниот кожен проблем се јавува како последица на недоволна грижа за сопственото тело, па ако сте жена која сака да се грижи за својата убавина и мазна кожа, еве кои факти за целулитот треба да ги знаете.

11-vistini-za-celulitot-koi-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Целулит има речиси секоја жена

Целулитот под кожата се всушност сите масти кои се наоѓаат под неа, а ги имаат речиси 95% од жените. Целулитот настанува кога мускулите се опуштаат и мускулното ткиво станува толку слабо што се одвојува од кожата.

Целулитот е највидлив кај жените затоа што нивното мускулно ткиво е поставено вертикално, а кај мажите напречно. Низ вертикалното мускулно ткиво наслагите продираат полесно, па затоа се поизразени.

Диета

Целулитот не е наследен и на неговата појава најмногу влијаат надворешните фактори - храната, стресот, пушењето, таблетите против болки... Ригорозните диети дополнително го поттикнуваат создавањето на целулит, посебно оние во кои внесувањето на протеини е минимален. Заради тоа, телото ја задржува водата која буквално стои во поткожниот слој како масна наслага.

Освен тоа, постојаното варирање на тежината влијае на еластичноста на кожата која при тоа се опушта и целулитот станува повпечатлив.

Преработената храна треба да се избегнува

Се препорачува да јадете намирници богати со протеини како што се јајцата, рибата, морските плодови и оревите, а во исхраната најдобро е да ги внесете и добрите јаглехидрати кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и житарките.

Стрес

Стресот предизвикува зголемено лачење на кортизол што понатаму следува со собирање на масти на стомакот, колковите, задникот и бутовите.

Хормоналната нерамнотежа исто така го ослабува мускулното ткиво и го прави помалку флексибилно, заради што мастите полесно се собираат под кожата.

Пушење

Цигарите го имаат истото дејство како стресот, односно го ослабуваат масното ткиво и ја намалуваат еластичноста на кожата. Ја пореметуваат циркулацијата на крвта, што предизвикува задржување на водата под кожата.

Таблети против болки

Колку и да ви помагаат за главоболката, овие таблети исто така ја задржуваат водата во телото. Најдобра опција се апчињата на база на парацетамол кои најмалку му штетат на телото.

11-vistini-za-celulitot-koi-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

Липосукција

Иако често пати овој зафат изгледа како добра идеја, естетските хирурзи предупредуваат дека со липосукција можеби  ќе се ослободите од мастите, но нерамнините на кожата остануваат засекогаш. Заради тоа, целулитот станува уште повидлив.

Прекрстени нозе

Седењето со прекрстени нозе во подолг временски период ја попречува правилната циркулација, а тоа може повторно да предизвика задржување на водата и зголемена видливост на нерамнините на кожата.

Оштетување од сонце

Сонцето освен што ја прави кожата постара, и целулитот го прави поизразен. Изгорениците од сонце може да предизвикаат задржување на водата во телото и го ослабуваат мускулното ткиво. Затоа се препорачува да користите креми со заштитен фактор и да пиете доволно вода која ќе го балансира процентот на соли во организмот.

Кардио вежби

Овој тип на вежби не го создаваат целулитот, но не го ни разбиваат. Задолжително комбинирајте ги со вежби за обликување. Луѓето кои комбинираат кардио вежби и тренинг за обликување слабеат во просек по 4,5 килограми во текот на 8 недели, плус ја зголемуваат мускулната маса.

Стегната долна облека

Стегнатата облека која ви го обликува задникот стана хит изминативе неколку години, но нејзиниот ефект е моментален. Стегнатата долна облека делува како цврста гума која ја намалува циркулацијата, па дури и предизвикува пукање на капилари и вени.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
3 работи што треба да ги избегнувате во грижата за кожата, според дерматолог Кога станува збор за нега на кожата, сите имаме сопствени тајни: од изборот на с...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg