Брз и едноставен: Направете сами гламурозен пилинг од ружи и ванила

Латиците од ружата може да ви помогнат за да направите неверојатни производи за нега. Ништо не може да го замени, ниту надмине мирисот на ружите, особено кога се во прашање производите за нега на телото.

brz-i-ednostaven-napravete-sami-glamurozen-piling-od-ruzi-i-vanila-01

Уште кога ќе помислите на комбинација од ружи и ванила, знаете дека се случува некоја магија која опива.

Но, тоа не чини цело богатство и не мора да одите во козметички салон, туку сè можете да си направите сами во домашната кујна.

Потребни состојки:

  • ½ чашка шеќер
  • 3 супени лажици бадемово или кокосово масло
  • 1 стапче ванила
  • 10 капки есенцијално масло од ружи
  • 1 лажичка масло со витамин Е
  • Латици од две мали ружи со вашата омилена боја

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и кратко миксајте. На крајот додадете ги латиците и мешајте неколку секунди, додека латиците сè уште се гледаат. Тоа може да го направите и рачно.

Оставете го кратко да отстои, додека вие се туширате, а потоа слободно премачкајте се и уживајте во мирисот и свиленкастата кожа.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
„Испробав 5 популарни трикови за исполнети усни без филери – што функционира, а што не?“ „Беше тешко да ја чувам мешавината од чили во прав и маслиново масло на усните о...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Маска за лице и уште 3 едноставни рецепти со талог од кафе за убава кожа Кафето е омилен пијалак во кој уживаат милиони луѓе ширум светот, познато е по с...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Како да се грижите за ноктите по маникир со гел лак (и кога треба да направите пауза)? Маникирот со гел лак е одлична алтернатива за оние кои не сакаат гелни или акрил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg