4 решенија за поткожните влакна

Вредно ја подготвувавте бикини зоната за на плажа или нозете за во шорцевите кои ги обожавате, но во последен момент ви се појавија подраснати влакненца. Ви звучи познато?

4-resenija-za-potkoznite-vlakna-01.jpg

Токму кога помисливте дека нема брзо решение за овој проблем, ви откриваме 4 кои може да ви помогнат уште денес.

Започнете со ред и спречете ја појавата на поткожните влакна:

1. Редновно правете пилинг

Критичните делови чистете ги со пилинг најмалку 2 пати неделно. Затоа што слојот на мртва кожа е предебел, затоа им е се потешко на влакненцата да избијат на површина. Пилингот ги отстранува мртвите клетки и така го олеснува нивното растење во потребниот правец.

2. Користете хидратантна крема за бричење

Кај погрубите влакна веројатноста е поголема дека ќе подраснат, па затоа треба посебно да внимавате. При секое отстранување на влакненцата со брич, користете хидратантна крема за бричење.

4-resenija-za-potkoznite-vlakna-02.jpg

3. Бричете се при крајот на туширањето

Бричењето може да биде стресно за кожата, ако се прави на сува кожа. Затоа, оставете го за крајот на туширањето, кога кожата е доволно омекната. На тој начин не ја оштетувате фоликулата на влакната и постои минимална опасност од подраснување.

4. Избегнувајте тесна облека

Ако сакате да ги избегнете поткожните влакненца, погрижете се да носите материјали и модели кои слободно паѓаат и кои не создаваат притисок на кожата.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење или им поминал рокот? Ако не сте сигурни кога сте отвориле некој продукт за убавина, обрнете внимание ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg