Изгледајте убаво без грам шминка на лицето

Многу од жените мислат дека шминката е основа ако сакаат да изгледаат прекрасно, но вистината е дека не мора секојдневно да ја користите туку доволно е да ги следите овие совети...

izgledajte-ubavo-bez-gram-sminka-na-liceto-

Кога еднаш ќе престанете да користите шминка вашиот природен тен на кожата ќе се подобри и освежи, а и ќе заштедите многу време при подготовка.

Изгледајте прекрасно и заборавете на козметиката:

Мијте го лицето секоја и ноќ и секое утро

Можеби ви звучи смешно, но многу жени не практикуваат миење на лицето секоја ноќ и секое утро. Благодарение на редовното миење, вашата кожа ќе стане мека и сјајна.

Употребувајте нежни препарати

Ако го чистите лицето со јака козметика, вашата кожа ќе стане груба и сува. Употребувајте природни препарати со својства кои ја хидратизираат кожата. Производот кој сте го одбрале мора да биде во согласност со типот на вашата кожа.

Крема со заштитен фактор

Пред да излезете надвор, без разлика каде сте и каде одите, нанесете на лицето крема со заштитен фактор. Доволно е фактор да биде 30 за да ве заштити од лошите влијанија на сончевите зраци кои можат да предизвикаат предвремено стареење.

Вазелин наместо маскара

Иако можеби ви звучи чудно, но сепак функционира. Ако сакате целосно да се ослободите од шминката, наместо маскара обликувајте ги трепките со вазелин. Вашите трепки ќе бидат сјајни, а вазелинот е далеку понежен со нив отколку маскарата.

Кокосово масло на усни

Ова масло освен што одлично ја отстранува шминката, може да се користи и како замена за сјај на усните. Само малку кокосово масло на усните и тие ќе бидат хидратизирани и сјајни, а нивната убавина ќе трае во текот на целиот ден.

Здрава прехрана

Кога имате убава кожа тогаш не ви е потребна шминка, а за да имате свилена кожа мора да внимавате на исхраната. Не морате ништо да менувате, само додајте повеќе овошје и зеленчук во вашите секојдневни оброци.

Кои се вашите тајни за убав изглед без шминка? 

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg