Како лицето да ви изгледа свежо и убаво без шминка?

Додека шминката станува дел од секојдневието, не е лошо да се движите во спротивна насока - да се негувате за да не ви треба шминка.

10-soveti-kako-liceto-da-vi-izgleda-svezo-i-ubavo-bez-sminka-1.jpg

Овие 10 совети ќе ви помогнат како секогаш да изгледате свежо и убаво, без да треба да потрошите половина час на слоеви пудра, маскара и руменило.

1. Секоја вечер чистете ја кожата. Без оглед на тоа колку сте изморени и поспани. Користете квалитетни производи наменети за отстранување на шминката, тоници и креми.

2. Хидрирајте ја кожата. Пред да си легнете нанесете ладни облоги или коцки мраз на вашето лице. Еднаш неделно нанесувајте маска од глина.

3. Истакнете ги квалитетите. Ако очите се вашиот квалитет, секојдневно негувајте ја кожата околу нив. Ако трепките ви ја потенцираат убавината, нанесувајте бадемово масло за да останат здрави и убави. Правете редовен пилинг на усните, доколку тие се круната на вашето лице.

4. Пијте многу вода. Кратко и едноставно.

5. Мијте го лицето со сода бикарбона. Секој ден кога се туширате, земете мала количина сода бикарбона и истријте го лицето. Таа ја омекнува кожата и ги отстранува мртвите клетки.

6. Смејте се. Насмевката е моќно оружје. Дури и да немате совршено еднаков тен и идеално бели заби, насмевката е доволна сама по себе.

7. Хранете се здраво. Секојдневно внесувајте многу витамини во било кој облик.

8. Не излегувајте несредени. Тоа што немате шминка на вас, не значи дека не треба да се дотерате и да имате фризура.

9. Користете производи кои ја истакнуваат природната убавина. Лабело за усните, масло на трепките и хранлива крема - сосема доволно.

10. Работете на самодовербата. Кога ќе решите да го прикажете вашето „вистинско лице“ пред другите, тоа мора да го направите со самодоверба.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Ѕвездите се опседнаа со трендот „Лице на богата жена“ – Кои се 4-те правила за ваков изглед? Еден од трендовите во козметиката кој стекна популарност благодарение на светски...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg