15 трикови за прекрасни трепки

Не е тајна дека долгите и извиткани трепки имаат неверојатна моќ за заведување, a правилно нанесената маскара може да ги трансформира женските трепки и да направи од нив едно од најсилните оружја кога е изгледот во прашање.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-001.jpg

Кога се работи за нега на трепките и нивно шминкање, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да изгледате неодоливо.

За поцврсти трепки

1. Нанесете маслиново или кокосово масло на трепките со четка од стара маскара, 10 минути пред нанесувањето на шминката. На овој начин ги заштитувате трепките од негативните ефекти на хемиските елементи содржани во козметичките производи.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-02

2. Внесувањето на витамин Е и биотин го забрзува растот на трепките, како и на косата.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-03

3. Дури и ако користите квалитетна маскара, таа во себе содржи хемиски компоненти. Токму затоа се препорачува да го „одмарате“ лицето од шминка, барем еднаш до двапати неделно. На овој начин ќе ја олесните природната регенерација на трепките.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-04

 За совршено нанесување маскара

4. Со хартија избришете го вишокот маскара за да го спречите создавањето на грутчиња.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-05

5. Ставете ја здрвената маскарата во чаша со топла вода и таа веднаш ќе се опушти. Исто така, на овој начин ќе се растопат и сите грутки кои се создале во неа.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-06

6. Лажиците може да ви бидат од голема корист при нанесувањето на маскара. Поставете ја лажицата под очите, како што е прикажано на фотографијата, со цел да избегнете нанесување маскара онаму каде што не е потребно.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-07

7. Додека ги виткате трепките, обидете се да нанесете и маскара. На овој начин ќе избегнете размачкување на маскарата на горниот капак.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-08

8. Свиткајте ја четката за маскара под агол од 90 степени. Во оваа положба ќе ви биде многу полесно да ја движите во саканите насоки.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-09

9. Додадете неколку капки солен раствор или маслиново масло во маскарата и таа ќе стане течна како првиот ден кога сте ја купиле.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-10

10. Прво, нанесете еден слој маскара држејќи ја четката хоризонтално, а веднаш потоа нанесете и втор слој, така што четката ќе ја држите вертикално и ќе ги раздвоите сите трепки кои се споиле.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-11

11. Загрејте го виткачот за трепки со фен за трепките да ви останат извиткани подолго време.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-12

12. По нанесувањето на првиот слој маскара, нанесете малку бебешка пудра, од коренот кон врвовите на трепките. Иако во тој момент тие ќе изгледаат малку прашливи, по нанесувањето на вториот слој маскара, тие ќе изгледаат подолги и погусти.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-13

13. За подобро да ги извиткате трепките, свиткајте го виткачот на трепки нагоре, како што е прикажано на фотографијата.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-14

14. За да добиете поинтензивна боја на трепките, нанесете маскара и од внатрешната и од надворешната страна.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-15

15. Маскарата треба секогаш да биде последниот чекор од шминкањето. За визуелно да добиете подолги и поголеми трепки, секогаш нанесувајте светло моливче на внатрешниот дел од долниот капак.

15-trikovi-za-prekrasni-trepki-16

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg