20 навики за здрава, сјајна и поцврста коса

Сите сонуваме за здрава, долга и мазна коса, но ретко која жена знае дека сите „третмани“ може повеќе да наштетат, отколку да и помогнат во таа цел.

20-naviki-za-zdrava-sjajna-i-pocvrsta-kosa-1.jpg

За да ја имате косата за која одамна сонувате, неопходно е да усвоите неколку природни навики и да ги промените веќе постоечките.

Ова се 20-те наједноставни со кои може да почнете од денес:

1. Намокрете ја косата со бел вински оцет откако ќе ја измиете со шампон и оставете неколку минути пред да исплакнете. Уште по првиот третман косата ќе ви биде посјајна.

2. Еднаш месечно, користете маска од изгмечено авокадо.

3. Мијте ја косата со свежи жолчки од јајце, наместо шампон. Иако изгледа чудно, жолчките ја хранат косата подобро од сите хемикалии, без да го ослабат влакното.

4. Не ја мијте косата пречесто.

5. Користете шампон без сулфати. Ова е една од најштетните состојки.

6. Плетете ја косата во плетенка пред да си легнете. На овој начин ќе добиете убава брановидна текстура наутро, без да ги кршите и виткате влакната додека спиете.

7. Масирајте го скалпот со дрвени четки за да ја поттикнете циркулацијата на крвта, што понатаму ќе го поттикне растот на влакното.

8. Штитете ја косата од сонцето. Во лето задолжително користете продукти со СПФ фактор.

20-naviki-za-zdrava-sjajna-i-pocvrsta-kosa-2.jpg

9. Не ја сушете косата често со фен. Ако имате време, сушете ја природно.

10. Сепак, пред да одите на спиење, добро исушете ја косата. Не сакате да се разбудите бушави следниот ден.

11. Избегнувајте пеглање на косата колку што можете, а кога „морате“ да ја испеглате, користете спреј кој ја штити од високите температури.

12. Аргановото масло е одлично за нега. Користете го за расцветаните врвови и сувиот скалп како маска за коса.

13. Не ја четкајте косата кога е мокра, тоа ја прави подложна на кршење.

14. Обидете се да не ја фарбате и осветлувате косата.

15. Спијте на сатенска или свилена перница. Овие материјали се лизгаат, па влакната нема да се заплеткаат и искинат во сон.

16. Ако имате кршлива коса со расцветани врвови, идеално би било доколку ја кратите на 8 недели за да остане здрава.

20-naviki-za-zdrava-sjajna-i-pocvrsta-kosa-3.jpg

17. Консумирајте биотин. Тој го поттикнува растот на влакното.

18. Опуштете се. Ништо не и пречи на косата повеќе од стресот. Без разлика колку добро ја негувате, ако сте постојано под стрес, никогаш нема да го постигнете саканиот ефект.

19. Хранете се здраво. Внесувајте витамини и минерали. Не избегнувајте протеини.

20. Хранете ја и косата, редовно. Користете домашни маски или купечки масла.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg