Eucerin Sun Oil Control - Ефикасно решение за заштита од сонце за масна кожа на лицето и кожа склона кон акни

Формула со високоефикасен УВА/УВБ филтер систем и биолошка заштита.

eucerin-sun-oil-control-efikasno-resenie-za-zastita-od-sonce-za-masna-kozha-na-liceto-i-kozha-sklona-kon-akni-01.jpg

Додека кожата на нашето тело делумно е заштитена со облеката, кожата на лицето е постојано изложена на дејството на сончевите зраци. Кога сме на одмор може да се каже дека ретко кога забораваме да се намачкаме на лицето со крем за лице за заштита од сонце. Во секојдневието, при движење до работа или до дома, или при прошетки низ градот, тоа поретко го правиме, што не е случај и со шминката! Нема шанси да се излезе надвор без шминка, бидејќи така, нели се остава впечаток на средината, додека заштитата на лицето е чин на кој почесто забораваме.

Но, шминката не заштитува од штетните сончеви зраци, додека кремот за лице со СПФ дефинитивно да! И зошто го правиме тоа, кога лицето е најголемото огледало на убавината, дел од телото на кој прво се појавуваат знаците на стареење, како бори, дамки и друго. Особено кога знаеме дека кожата на лицето и кожата на телото имаат различни потреби кога станува збор за заштита од сонце.

Површинскиот слој на кожата на лицето има најмали клетки за разлика од остатокот од телото, а тоа значи дека влажноста од нив брзо испарува. Кожата на  телото има помалку природна ексфолијација и затоа има тенденција да биде погуста и посува.

eucerin-sun-oil-control-efikasno-resenie-za-zastita-od-sonce-za-masna-kozha-na-liceto-i-kozha-sklona-kon-akni-02.jpg

Новата технологија применета во Еуцерин Sun Oil Control производите, обезбедува  заштита за потенките и помали клетки на кожата на лицето кои секојдневно се изложени на надворешни влијанија. Линијата за заштита на лицето од сонце вклучува уште 2 производи - за нега на масна кожа и кожа склона кон акни, со СПФ 50 и СПФ 30. Со тоа е овозможена заштита за сите типови на кожа со ефикасен висок и многу висок заштитен фактор од сонце.

Клиничките тестирања на пациенти со масна кожа и кожа склона кон акни покажаа дека кожата одлично ги прифаќа производите кои обезбедуваат долготраен мат-ефект, а кожата е без масен сјај дури и неколку часа по нанесувањето. Sun Oil Control производите после неколку неделно редовно нанесување го намалуваат замастувањето на кожата преку регулирање на создавањето на себумот и не ги затвораат порите, односно не се комедогени, не содржат вештачки додатоци ниту парабени.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Јога за лице: 3 вежби со кои ќе ги намалите брчките Во нашата потрага по младешки изглед, сите сме пробале различни третмани за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg