Гимнастика за лице: 5 вежби што ќе ве подмладат за 5 години

Младоликиот изглед и мазната кожа не се резултат само на скапите козметички третмани и препарати, туку и на малку секојдневен труд кој и тоа како ќе ви се исплати.

gimnastika-za-lice-5-vezhbi-shto-kje-ve-podmladat-za-5-godini-01.jpg

Гимнастика или јога за лице е една од наједноставните и најефикасни техники за подмладување на изгледот на кожата.

Следниве 5 вежби ќе ви одземат најмногу 5 минути во денот, а за нив не ви требаат ниту пари, ниту дополнителен простор во домот. Можете да ги правите и превентивно, за да спречите појава на брчки, бидејќи нема старосна граница.

Сепак, гимнастика за лице не се препорачува за лица кои имаат проблеми со кожата, па ако сте во таа група на луѓе, најдобро би било да се консултирате со дерматолог.

1. Вежба за челото

Ставете го дланките на страничните делови од лицето, покрај образите. Полека движете ги кон слепоочниците како да ја измазнувате кожата, останете таму неколку секунди, па вратете се кон образите. Повторете неколку пати.

gimnastika-za-lice-5-vezhbi-shto-kje-ve-podmladat-za-5-godini-03.jpg

2. Вежба за образите

Ставете ги прстите хоризонтално на горниот дел од образите, под очите. Насмевнете се, а аглите на усните  кревајте ги нагоре. Останете насмеани неколку минути, па опуштете ги мускулите. Повторете ја вежбата 20 пати.

3. Вежба за подбрадок

Седнете или застанете исправено и држете го вратот во рамна положба. Навалете го грбот наназад и истовремено испружете ја брадата колку што можете погоре. За кожата убаво да се истегне, останете во таа положба неколку секунди, па опуштете ги мускулите и повторете неколку пати.

gimnastika-za-lice-5-vezhbi-shto-kje-ve-podmladat-za-5-godini-02.jpg

4. Вежба за вратот

Легнете на грб и свртете ја главата на страна. Вртете ја главата од една на друга страна како да правите полукруг. Не ја навалувајте многу надолу, туку држете ја колку што можете погоре при вртењето. Повторете ја вежбата 20 пати.

5. Вежба против спуштени капаци

Ставете го показалецот на внатрешниот дел на окото, а средниот прст на делот над носот. Држете ги очите отворено, но притискајте ги како да сакате да ги затворите. Повторете ја оваа вежба 20 пати.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Ѕвездите се опседнаа со трендот „Лице на богата жена“ – Кои се 4-те правила за ваков изглед? Еден од трендовите во козметиката кој стекна популарност благодарение на светски...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg